Фудбалерите на Албасете приредија сензација во Копа дел Реј и го исфрлија ранетиот Реал Мадрид, кој пред само неколку дена го загуби Супер Купот од Барселона. Победничкиот гол за второлигашот падна во 94-та минута за конечни 3:2, а го постигна Хефте Бетанкор, кој беше двоен стрелец на мечот.
Интересен момент имало на полувреме на натпревар на фудбалскиот клуб Лејтон Ориент. На стадионот „Бризбејн Роуд“ навивач добива понуда од спикерот, 15.000 фунти ако погоди пречка. И мртов-ладен со лева ја поткупува маестрално со фелш и гаѓа пречка.
Купот на Африкански нации е нешто што има свој оригинален шмек, тамошните навивачи прават шаренолики спектакли на трибините кои по сè изгледа би можело да ги нема на Светско првенство 2026 летово. Барем не во мера во која ги имаше на сите Мундијали досега.
Без голем залет и без силување, туку само технички перфектно изведено, со искуство. Така шутира 34 годишниот Антоан Гризман. Играчите од жив ѕид бадијала скокнаа, а голманот на Депортиво не ни се фрли.
Кочаелиспор, каде игра Дарко Чурлинов, загуби 1:0 од Газиантеп на гости во Купот на Турција. Довчерашниот турски напаѓач, Бурак Јилмаз, кој од минатото лето е тренер на Газиантеп, ги загуби нервите и очекувано доби црвен.
Го знаете ли битолчанецот кој му беше ментор на Висенте дел Боске и кој на Сантијаго Бернабеу беше претставен од Сантијаго Бернабеу? Инаку селектор на Југославија во четири наврати, како и добитник на Орден за заслуги од страна на ФИФА.
Првиот центарфор на македонската фудбалска репрезентација Бојан Миовски се прослави во дресот на шкотски Абердин каде блескаше и се изнадава голови во две сезони. Кога дојде време за нов предизвик, тој направи трансфер во Ренџерс, славниот и трофеен клуб од Глазгов. Сега првпат после селидбата се врати во Абердин. Го пречекаа со цела кореографија и парола на негова сметка.
Само неколку дена откако за првпат после 47 години се сретнаа меѓу себе на официјален натпревар, кога ПСЖ го победи најблискиот и прв комшија Париз 2-1 на 4-ти јануари, синоќа само осум дена подоцна Париз направи сензација и го совлада европскиот шампион во дуел од Купот на Франција.
Ливерпул со 4 парчиња го почасти Барнсли во ФА Купот. Стрелаа Фримпонг, Вирц и Екитике, а резултатот во 9 минута го отвори Доминик Собослаи со голчиште.
Ливерпул го совлада Барнсли 4:1 во 3. коло од ФА Купот. Коди Гакпо е најјак. Кај трчаше бос со една копачка на нога, а другата во рака, па уште и топка бараше гол да даде.
Со взаемен договор и согласност на двете страни, Реал Мадрид и Чаби Алонсо го раскинале договорот. Веста доаѓа само ден по поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Супер Куп одигран во Џеда.
Исклучувањето на Антонио Конте на дербито на 20. коло во италијанска Серија А меѓу Интер и Наполи не е изолиран случај. Од 2011-та па до ден-денес, цели 15 години Конте како тренер се оправа со судиите, што англиски, што италијански, што европски. Има краток фитиљ и добива црвени картони.
После две сезони во Лацио, кој го купи од Олимпик Марсеј, Матео Гендузи направи трансфер во Фенербахче вреден 29 милиони евра. Работава излезе вака: Дојдов, потпишав, дадов гол и освоив трофеј.
Младиот Бразилец Ендрик на феномален начин дебитираше за Лион како позајмен играч од Реал Мадрид до крајот на сезоната. Напаѓачот доби шанса од почеток од тренерот Пауло Фонсека на големото дерби против Лил на гости, а Ендрик возврати со прекрасен гол во 42' минута за победа 1-2.
Навивачите на Барселона, а и оние неутралните го напаѓаат Мбапе на друштвените мрежи зошто Французинот ги одвратил своите соиграчи од намерата да направат шпалир за шампионот Барселона во финалето на Суперкупот.
Неверојатно финале на шпанскиот Суперкуп се одигра во Џеда, во Саудиска Арабија каде втора година по ред четири шпански клуба играат за вредниот пехар. Барселона лани го демолираше Реал со 5:2, а годинава го доби 3:2 во незаборавен дуел.
Кога ќе тргне во соло креација, Ламин Јамал не размислува кого има пред себе и колку души треба да помине. Едноставно незадржлив е на моменти и многу храбар.