Фудбал

Остај шишето, пази кичмата Арда

Арда Ѓулер имаше бесна, ама и очајна реакција по последниот свиреж на дербито кое Реал го загуби од Барселона со 3:2, во финалето на Супер Купот на Шпанија.

Војчех Шчесни во соблекувална ко Милко Ѓуровски

Ламин Јамал одеше во живо на социјалните мрежи после освојувањето на трофејот во шпанскиот Супер Куп. Во еден момент, му влезе со кадар на Шчесни, токму во моментот кога ја задимува соблекувалната. Ова не смее да се снима, рече младата ѕвезда на Барса.

Наполи до бод во Милано, убава асистенција на Елмас до Мектоминеј

Интер и Наполи одиграа 2:2 во 19. коло од Серија А, со што разликата меѓу нив останува 4 бода. Скот Мектоминеј на два пати го израмни резултатот. Првиот пат после убава акција и асистенција на Елиф Елмас, прва негова сезонава. Македонскиот репрезентативец од 3 декември игра 10 меча по ред како стартер на сите натпреварувања.

Сити му даде 10 гола на третолигаш, шампионот во ФА Куп испадна од шестолигаш

Шестолигашот Маклсфилд преку ноќ стана права фудбалска бајка на Островот, откако го приреди најголемото изненадување во историјата на ФА Куп, најстариот фудбалски турнир на светот.

Секој голман е луд на свој начин

За да човек биде голман, треба да има „посебни“ квалитети, не само оние фудбалските. Обично се полудо храбри од соиграчите и спремни на секакви циркузи.

Почнаа фудбалерите, па продолжија да се тепаат новинарите

Нигерија се пласираше во полуфиналето на Африканскиот Куп, откако го совладаа Алжир со 2:0. Синот на Зинедин Зидан, Лука Зидан, кој брани за Алжир, ги загуби нервите и влезе во клинч со фудбалерите на Нигерија. Турканиците продолжија во подтрибинскиот простор, па дури и новинарите се грабнаа.

Фантастичниот гол на Митев со кој ја спаси Македонија од пораз

Македонската ракометна репрезентација ремизираше против Швајцарија (29-29) и со тоа без пораз го заврши подготвителниот турнир пред ЕП. За МВП на турнирот е прогласен Филип Кузмановски. Ракометарите ќе патуваат за Хернинг, каде го играат првиот меч против домаќинот Данска.

Конкурсот за гол на сезоната во Бундеслига е штотуку затворен

Какво и да се појави голчиште до месец мај, кога се спушта завесата во првенствениот фудбал, тешко дека ќе ја достигне акробацијата на Хајденхајм, кој попладне одигра 2:2 против Келн. Егзекуторот кој ја изведе магијата се вика Марвин Пајрингер. Соиграчите се држеа за глава. ФИФА прајте место во топ 10.

Храбрите жени кои создале фудбалска историја

ФИФА синоќа најави 3Д технологија во фудбалот со помош на вештачка интелигенција и тоа на Светското ова лето. И тоа се нормални вести за ова време. Да се вратиме малку во црнобелиот свет, поточно во 19 век, кога сè почнало од една иницијатива на касиерка.

Фифа има ли „Пушкаш“ за царов?

Во Бразил, земјата на фудбалот, оваа игра се игра од терени со најсовршени услови, до прашуми и шуми. И секаде има по некој вроден талент со голема дарба за топка.

Рубен Невес во епизодата „голман џабе се џиткаш“

Ал Хилал на Симоне Инѕаги славеше со 3:0 против Ал Хазм. Стрелци Милинковиќ Савиќ, Рубен Невес и Дарвин Нуњез. Одиме со главниот потег на мечот. Бомба.

Павловиќ копаше дупка, Џенова промаши пенал со Милан

Ова со поткопување земја кај белата точка за пенал стана вирусно. По Мало Густо од Челси кој против Фулам додека траеше ВАР прегледување си копаше дупка, сега истото го правеше и Страхиња Павловиќ на дуелот Милан - Џенова. И му успеа. Милан едвај извлече бод против давеникот Џенова. Гостите први поведоа преку Коломбо во 28-ма минута. Во 90+2' минута во судиско продолжение Рафаел Леао израмни на 1-1 а гостите добија пенал во 90+9' минута. Никола Станчиу го промаши пеналот откако претходно Павловиќ му копаше дупка.

Што е со прославава на Орбан?

Наполи одигра само 2:2 против Верона во 19. коло од Серија А. Гостите дури имаа и водство од 0:2 по само 27 минути игра. Вториот гол го даде Нигериецот Гифт Орбан, кој чудно, па и контроверзно го прослави голот, за што доби и жолт картон.

Тензија меѓу Винисиус и Симеоне

Мадридското дерби тешко поминува без некоја искра. Се чепнаа Диего Симеоне и Винисиус. Стратегот на Атлетико Мадрид наводно му рекол на Бразилецот: „Флорентино Перез ќе те избрка, запамти убаво што сум ти кажал“. Овој наседна на провокацијата, почна да се расправа, а судијата и на двајцата им даде жолт картон.

Страшен гол на Валверде во дербито, Реал го совлада Атлетико и оди на Барса

Супер дерби одиграа градските ривали во полуфинале на шпанскиот Супер Куп кој се игра во Џеда, Саудиска Арабија. На крај Реал после голема битка славеше 2-1 и закажа мега дерби со Барселона во големото финале.

Убиец на денот

Абе каков црвен. Одземете му ја лиценцата за фудбал уште одма.

Оди ова одиграј го да те видам

Бразилци на плажа, без копачки се разбира, па уште и без да тапне во најголем дел од акцијата. Чекај крајот да го видите како ќе го зачинат.

ФИФА ќе го усовршува офсајдот со помош на вештачка интелигенција

Полуавтоматскиот офсајд веќе се потпира на десетици камери, кои ја следат топката. Но, делот што недостасува според ФИФА е тоа што играчите не се во вистинските димензии.

Најглуп црвен картон на сезоната - Кин од Евертон

За време на дуелот меѓу Евертон и Вулверхемптон кој заврши 1-1, домашниот стопер Мајкл Кин кој претходно постигна гол во 17-та минута, во 83-та доби директен црвен картон откако судијата на ВАР виде каква непотребна глупост направил англискиот одбранбен фудбалер.

Кој на друг јама му копа, бекот на Челси во неа пропаѓа

Челси го отпушти тренерот Енцо Мареска и за нов менаџер го постави младиот Лиам Розениор кој досега успешно го водеше француски Стразбур (филијала на Челси во Лига 1). Тој кажал дека не бил спремен да ја води екипата против Фулам, па бил на трибините додека долу на клупата седеше в.д. тренерот Калум МекФарлејн. Челси изгуби 2-1. Играа со играч помалку од 22' минута откако црвен картон доби Марк Кукуреља. А при едно гледање ВАР за потенцијален пенал за Фулам, бекот Мало Густо копаше дупка околу белата точка.

Фудбалер без два класа школо

И после се лутат кога ќе им кажат дека голем дел од нив се полу-писмени, кога освен рогање топка за друго не знаат. Извесен Киту Дијаз потпишал договор со клубот Гујакил Сити во Еквадор. Дошол како големо засилување па многу народ стигнал да го види на презентација. А тој како глуп некој рога топка во луѓе и се клешти.

Интервју на Лионел Меси: „Пијам вино со спрајт, плачам на филмови, сакам да сум осамен“

Лионел Меси ретко низ кариерата давал отворени интервјуа, што поради тоа што самиот вели дека е затворен, што поради честата јазичка бариера со другите говорни подрачја. Сега во разговор за аргентинската стриминг-платформа Лузу ТВ Лео раскажува детали од својот приватен живот.

Барселона ко на тренинг го разби Атлетик Билбао

Во полуфинале на шпанскиот Супер Куп кој веќе неколку години се игра во Саудиска Арабија далеку од Пиринеите, Барселона со 5-0 (4 гола за 16 минути, без Ламин Јамал) го разби големиот ривал Атлетик Билбао и закажа дуел со еден од мадридските гиганти Атлетико и Реал кои својот меч го играат вечерва исто во Џеда. Барса славеше со головите на Феран Торес, Фермин Лопез, Руни Бардагџи и два на Рафиња.