Фудбал

Фудбалерките на Иран во знак на протест не ја пееја химната

Тивкиот протест на женската репрезентација на Иран се однесува на тазе напнатата ситуација во нивната земја нападната од САД и Израел. Инаку натпреварот се играше во рамките на Азискиот Куп, кој Јужна Кореја го доби со 3:0.

Големо славје во соблекувална на Хетафе

Екипата на Хетафе синоќа го изненади Реал Мадрид и го победи пред преполн „Сантијаго Бернабеу“ со 0-1 со еврогол на Сатријано. Победата ја прославија онолку колку што е голема, историска.

Евроголот на Хетафе на Бернабеу и несмасниот потег на Рудигер

Пукна сензација на Сантијаго Бернабеу. Хетафе го доби Реал Мадрид на гости по пауза од 18 години со посед на топка од 23% и ѝ направи услуга на Барселона која сега им бега 4 бода. Мечот го реши Мартин Сатријано со голчиште во 39 минута. Франко Мастантуоно и Адриан Лисо добија црвени во судиското продолжение, а од картон се спаси Антонио Рудигер, кој без осет, со колено во глава удри противнички играч и тоа два пати.

Видео од евакуацијата на Ашковски со ирански војници

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски е извлечен од Иран, откако САД и Израел извршија воздушни напади. 34 годишниот бек се пресели во оваа земја во јануари и стана член на Мес Рафсанјан, но фудбалот во Иран е стопиран и тој преку Турција бил успешно евакуиран од загрозените подрачја. Ашковски има 40 настапи за Македонија и се очекува да настапи на 26 март против Данска.

Документарецот „Сите животи на Синиша Михајловиќ“

Белградски Спортал снимил документарец за легендарниот фудбалер и тренер за чија кариера и анегдоти од неговиот живот раскажуваат поранешни негови соиграчи, тренери, раководители, претседатели итн.

Смеа на прес-конференциите на Пеп Гвардиола и Артета

На 10 кола пред крајот од сезоната во Премиер лига, Арсенал е прв со 64 бода, пет повеќе од првиот следбеник Манчестер Сити. Двата тима ќе се борат за шампионската титула до крајот па нивните натпревари се интересни колку и прес-конференциите на двајцата тренери.

Комедии со Бонучи и редарката

Сезоната 2003/2004, Вардар играше плејоф меч за Лига Европа против Рома. Додека Италијанците тренираа на Градски, полицијата не го пушташе Славчо Георгиевски Тупан во својата соблекувална, па мораше да им објаснува кој е. Лео во слична ситуација и тоа терен, откако постигна гол во финалето на ЕП 2020. Циркузи.

Мегваер ја удри со глава топката и „се повреди“

Факт е дека претераа твитерџиите со него, ама па понекогаш имаат аргументи да го ребрачат. Клипов воопшто не оди во негов прилог.

Од Алегри човек вода не може да се напие

Не умее да се смири овој човек. И кога победува и кога губи неговиот тим, тој е ултра нервозен, темпераментен и експлозивен. Павловиќ ги извади со гол во 90-та минута против Кремонезе на гости, а Леао oтиде до аут линијата да се напие вода. Овој го бутна за да го врати во игра. Во 94-та минута 0:2 за Милан. Стрелец? Леао.

Ножичките на дербито Ренџерс - Селтик за кои се зборува

Во големото „Олд Фирм“ дерби, Ренџерс и Селтик одиграа нерешено 2-2 иако домаќините во 26' минута водеа со 2-0. На крај гостите израмнија во 90+1' минута преку Јапонецот Рео Хатате. Спектакуларен погодок претходно постигна двојниот стрелец на Ренџерс Јусеф Чермити со ножички. Македонецот Бојан Миовски остана на клупата за резерви и не влезе во игра.

Еврогол за најавни шпици на дербито Марсеј - Лион

Олимпик Марсеј ја прекина неверојатната победничка серија на Олимпик Лион која траеше 13 натпревари во сите натпреварувања. Марсеј славеше 3-2 со гол во судиско продолжение на ветеранот Пјер Емерик Обамејанг. Претходно Бразилецот кој дојде од Феенорд Игор Паишао направи мала забава за навивачите.

Страшен волеј на Консеисао и реми во 93-та на дербито Рома - Јувентус

Рома и Јувентус одиграа лудо дерби на „Олимпико“ кое ќе се памети. Паднаа 6 гола. Натпреварот заврши 3-3 иако Рома имаше голема предност од 3-1. Гостите прво намалија па дури во последните секунди од средбата преку стоперот Гати израмнија во 90+3' минута на 3-3. Франсиско Консеисао постигна страшен гол, вреден награда.

Фудбал за време на Рамадански пост во Тунис, сите попаѓаа

По крајот од дуелот меѓу Сфаксен и Габес во фудбалската лига на Тунис кој се играл во 12 часот напладне по локално време, а во време на Рамадански пост, сите играчи буквално попаѓале на земја изнемоштени. До освежување и храна имале уште четири часа.

Нова сезона - нови два јаки гола на Меси

Интер Мајами победи во 2. коло од новата сезона во МЛС лигата, а Лионел Меси покажа дека е во одлична форма на неколку месеци пред Светското првенство 2026. Екипата на Аргентинецот славеше 2-4 на гости кај Орландо Сити. Лео даде гол за израмнување 2-2 и потоа од слободен удар прекрасен погодок за 2-4.

Пикфорд ја има одбраната на сезоната во Премиер лига

Евертон игра супер под водство на Дејвид Мојс и синоќа направија големо изненадување откако со 2-3 го совладаа Њукасл на гости пред преполн „Сент Џејмс Парк“. Голем удел во триумфот имаше голманот и капитен Џордан Пикфорд кој во финишот одбрани страшно торпедо на Сандро Тонали.

Ќе игра ли Иран на Светско првенство во САД?

По здружените воени напади на Израел и САД врз Иран во кои загина иранскиот ајатолах Али Хамнеи (86), како сите области така и спортот во оваа земја е сопрен во услови на војна. Фудбалската лига е суспендирана на неопределено време а прашање е сега како Иран ќе се постави кон Светското првенство 2026 кое го игра во САД.

Славните спортски ѕвезди ручаа во Дебар маало

По Хрватска, Словенија, Србија и БиХ, Македонија се приклучува на „Спортските игри за млади“ кои оваа пролет ќе се одржат во 10 спортски дисциплини, а се очекува да учествуваат над 1.000 деца. По потпишување на договорот со македонска влада, промоторите и амбасадори на настанот, заедно со македонските претставници се нагостија со богата софра на Боемска. На едно место можеа да се видат Жељко Обрадовиќ, Предград Даниловиќ, Славен Билиќ, Предраг Мијатовиќ, Аљоша Асановиќ, Шиме Врсаљко, Веселин Вујовиќ, Игор Ангеловски, Масар Омерагиќ, Борко Ристовски...

Жиру го запозна Дарко Панчев

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Франција (57 гола на 137 настапи) синоќа повторно постигна гол на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Некогаш во дресот на Арсенал Жиру даде прекрасен гол, а синоќа на неполни 40 години пак стрелаше против Црвена звезда и го одведе Лил во осминафинале од Лига Европа. После мечот Жиру ги разгледувал музејските поставки на стадионот. Застанал пред култната фотографија на Дарко Панчев и пеналот во финале на Куп на европски шампиони против Марсеј.

Ракитиќ, што ти требаше помада пред жрепка?

Легендарниот фудбалски ас Иван Ракитиќ кој блескаше во дресовите на Базел, Шалке, Барселона и Севиља, денес беше гостин на ждрепката за осминафинале во Лига на шампиони. Уште од првата кугла не му одеше добро, му се лизгаше од раце поради кремата што прехтодно ја ставил.

Ждрепка за Лига Европа: Сè-италијански дуел за Рома, Унаи Емери против Лил

Попладнево во Нион, по ждрепката за осминафинале во Лига на шампиони, традиционално под водство на веќе легендарниот Џорџо Маркети и неговиот гостин Маниш од Португалија, се извлекоа и паровите за 1/8 финале во Лига Европа. Одлични парови за големи мегдани.

Мега дерби во осминафинале, се паднаа Реал Мадрид и Манчестер Сити

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени осминафиналните двојки за Лига на шампиони. Бодо Глимт доби противник по мерка.

Меси соборен на земја од гледачи во Порторико

За време на пријателска средба меѓу најпознатиот еквадорски клуб Индепендиенте дел Вале и Интер Мајами одигран во Порторико пред 12.500 гледачи, некои неодговорни поединци влетале во терен во желба да се сликаат со Лео Меси. При гужвата со редарите го собориле на земја.

Не се тоа Јапонци па да средуваат

Нотингем Форест успеа со вкупен резултат 4-2 и покрај поразот 1-2 на домашен терен од Фенербахче да помине во осминафинале на Лига Европа. Англиските медиуми пренесуваат фотографии од гостинскиот сектор на стадионот „Сити Граунд“ каде седеле турски навивачи кои направиле карамкаша.

А таман го пофаливме

Па нели на Анчелоти му се местиш на список за Светско? Каде со тој памет?