Во долго соопштение, германскиот клуб Волфсбург им објаснува на своите навивачи како да се однесуваат на утрешното „опасно“ гостување во Неапол. Италијанците навредени од таквото мислење за еден од најубавите европски градови.
Локалниот ривалитет во Мадрид вечерва повторно ќе добие европски сјај. Реал нема победа против Атлетико на претходните седум дуели сезонава, а во Монако, Јувентус ќе чува еден гол.
Фудбал на вода мислевме дека е дозволено само на балканскиве простори, а не и во француската прва лига каде проблеми во напад имаше Брајан Дабо од Монпеље.
Поразот од Драгао германската машинерија им го наплати на Португалците со петарда во првите 40 минути и со конечни 6:1 им покажа кој е кој во Лигата на шампионите. Изненадување немаше ниту во Барселона која повторно го порази ПСЖ.
На легендарното финале на Црвените ѓаволи против Баерн во ЛШ му претходеше драматичен полуфинален дуел против Јувентус. На денешен ден пред точно 16 години, составот на Фергусон до 11 минута беше шокиран со двата гола на Инзаги. Но одговор на тоа дадоа Кин, Јорк и Кол за конечни 2:3.
Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.
Кај нас велат дека најтешко и најнезгодно гостување за секој нисколигаш е она во струшкото место Велешта. Сепак, таму никогаш не се случил инцидент како во Вилмерздорф периферијата на Берлин, каде фудбалер остана без око.
Бразилски весник минатата недела објави дека Роналдињо по крајот од оваа сезона оди во пензија, но тој демантираше и рече дека ќе игра се додека се чувствува добро. Му посакуваме уште многу вакви потези за клип.
Фудбалерите на Баерн Минхен се пред најтешкиот испит сезонава. За четврто полуфинале по ред во ЛШ ќе мора да надоместат два гола против Порто. Потешка задача од нив има Париз, кој во Каталонија ќе игра против ураганот Барса.
31-кратниот првак на Бугарија е во длабока криза. На последните 7 меча, ЦСКА Софија има 5 порази и 2 нерешени без ниту еден даден гол (10:0). Поразот во градското дерби од Локомотив ги разгневи навивачите кои од играчите бараа да ги соблечат дресовите, а посебно му се намерачија на Бразилецот Тони Силва.
Бразилецот Елкесон (25) кој игра за кинескиот глуб Гвангжу покажа на дело како да понижиш противничка одбрана. Не даде гол, ама за потегот доби овации од публиката.
Хуманитарниот меч за борба против сиромаштијата и еболата организираа Зидан и Бразилецот Роналдо. Од нивна беа нивните пријатели кои играа против ѕвездите на Сент Етјен во Франција.
Серхио Агуеро не центрираше најпрецизно во една акција против Вест Хем, но го корегираше Џејмс Колинс. Кај Каљари тоа со глава го направи Антонио Балцано на асистенција н Инсиње. Најнеочекуваниот потег ова коло го направи Мохамад Шантави од Јордан кој можеби е првиот голман во историјата на фудбалот со ваков автогол.
Осумкратниот германски шампион, Борусија Дортмунд соопшти дека нов тренер на клубот од 1 јули ќе биде Томас Тухел, човекот кој никогаш не освоил ништо, а за него се бореше пола Германија. Во Мајнц го викаа Диктаторот.
Во кариерата дал преку илјада автограми, но никогаш не тетовирал. Сè до вчера кога неговиот личен тату мајстор, Роберто Лопез од Барселона побарал од Аргентинецот да му го нацрта бројот 10 на дланката.
Во Италија полицијата има ригорозни контроли на сите навивачки пароли кои се внесуваат на стадионите. Скринингот проверува дали имаат навредлива содржина, но и покрај тоа навивачите успеваат да ги протнат на трибината.
Пеп Гвардиола не е првиот тренер што се замерил со вечниот доктор на клупата на баварскиот гигант. Расправии со Милер-Волфарт имале и Клинсман, Матеус и Трапатони.
Колумбиецот пред 11 години од Меделин пристигна во Индепендиенте, а толку бил сиромашен што тренерот му купувал храна, облека, копачки и маици. Првата плата што ја земал била 172 евра а сега го бара цела Европа.