Фудбал

Африканско фудбалско робје во Азија

Малолетни фудбалери од западна Африка се пренесуваат во Азија каде потпишуваат договори и веруваат дека ќе заработат поголем трансфер, а живеат во мизерни услови без никаква заработка и дозвола за престој.

Кога навредливиот твит ќе те чини многу

Младиот Шпанец Хулио Реј потпиша договор со Депортиво Ла Коруња, но откако на Риазор откриле навредлив твит на фудбалерот на нивна сметка, решиле да го раскинат договорот.

Гордиот Ирец што не ја сака британската химна

Фудбалерот на Вест Бромвич Албион, Џејмс Меклин е Ирец и како многу негови сонародници не ја почитува британската химна и знаме на кои им сврте грб.

Македонија до Аргентина

Фудбалерот на АПОЕЛ, Томас де Винсенти на својот Инстаграм објави фотографија со натпис дека тимот пристигнал во Македонија, што предизвика (не)очекувана реакција кај навивачите на кипарскиот клуб.

Првата битанга на европскиот фудбал

Како да објасниш човек што цела вечер скита по барови, а не пие, колекционер е на коли, ама не ги вози и е добитник на лото ливче кое го добил за роденден и потоа ги поделил парите на своја штета?

Голови кои не се за испуштање од викендов

Кога ќе ги погледнете головиве ќе сфатите дека јули месец и не е така тапа месец за фудбал. Некои првенства се веќе почнати, а голчишта паѓаат и на пријателски. Ве поздрави Асприља кои издрибла пола тим, како и Муса од Фенербахче.

Демонстранти фрлаа пари кон Блатер на конгресот на ФИФА

На денешниот конгрес на кој Сеп Блатер објави дека на 26. февруари следната година ќе се одржат избори за нов претседател, Швајцарецот беше нападнат од комедијантите Симон Бродкин и Ли Нелсон кои го гаѓаа со долари. Во тој момент тој панично го бараше неговото обезбедување.

Ниту 80 илјади места не му се доволни на Дортмунд

Продажбата на дресовите за новата сезона им оди одлично, а сега се решија и да го зголемат капацитетот на секогаш преполниот стадион.

Андреев со руски поговорки ги спрема Вардарци

Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се подготвени за реваншот со АПОЕЛ (вторник 20:00), дуел за кој веќе се продадени околу 15.000 влезници.

Јунајтед има годишно спонзорство скоро колку цела Серија А

Седум од вкупно 20 италијански прволигаши сезоната може да ја почнат без спонзор, исто како што се случи и лани, а договори сè уште немаат потпишано и три екипи кои ќе играат на меѓународна сцена.

Перез не е расист, ама не сака црнци

Касиљас веќе дебитираше за Порто (2-0 пријателска против Дуизбург), но во Мадрид и натаму не се смируваат страстите за неговото заминување од Сантијаго Бернабеу после 16 години.

УЕФА води истрага за чудниот меч во Белград

На отворањето на српското првенство, на околу 40 степени Целзиусови играа ОФК Белград и Црвена звезда. Домашните водеа 2-0 на полувреме, а гостите во второто дадоа 6 гола и славеа убедлива, но сомнителна победа.

Кампања, избори, власт - Бартомеу ќе ја води Барса во следните 6 години

Бартомеу го победи противкандидатот Жоан Лапорта, кој беше претседател на клубот од 2003 до 2010 година. Кампањата помина бурно, со ниски удари и високи тонови.

Судијата што ќе му суди на Вардар беше дел од ланскиот срам на Грција

На 23 февруари годинава на мечот Наполи - Сасуоло, Давиде Маса одбележа јубилеј од 50 натпревари како главен арбитар во Серија А, а од минатата година суди и во групната фаза од Лигата на шампионите.

Сараевски коментатор за голот на Жељо

Со голот на Џениз Бегановиќ во 90-та минута, сараевски Жељезничар го победи унгарскиот Ференцварош на гостински терен а коментаторот емотивно го доживеа клучниот момент.

Работнички ќе игра за дуел против Трабзонспор

Романтичарите ќе се обидат да ја анулираат негативата од 1-0 против летонска Јиглава и на тој начин да стигнат до дуел со турскиот Трабзонспор.

Ако го мине АПОЕЛ, Вардар оди на Митјиланд или Линколн

Во случај да го победи кипарскиот АПОЕЛ во реваншот во Скопје, Вардар во следното коло ќе игра против победникот од дуелот Митјиланд - Линколн (1-0).

Најчудните трансфери во фудбалот

Знаете ли дека Робињо мислел дека го носат во Челси или дека во четврта лига фудбалерите ги трампаат за месо? Има и таков кој лажел дека Веа му е брат за да добие договор во Англија.

Идолот на Меси се откажа од фудбал

Поранешниот аргентинскиот репрезентативец, Пабло Аимар кој најмногу го паметиме по блескавите партии со Валенсија, не успеа да се залечи целосно од повредите ниту по последната операција. Копачките на клинец ќе мора да ги стави на 35 години.

Како да им вратиш на навивачите кога те гаѓаат со шишиња

Во 3. коло од Голден купот, првенството на Средна и Северна Америка, Месико имаше предност од 4:3 на дуелот против Тринидад и Тобаго и навивачи кои во 93 минута со муниција стражареа на корнер. Ама џабе.

“Новиот Пеле“ на 26 години смени 13 клубови

Да ти го откријат талентот на улица на 10 години, да дриблаш поголеми од тебе и потоа да растураш на турнири каде се пријавил и Јувентус, не е гаранција дека ќе успееш. Особено не ако прво те бара Интер, а ти завршуваш во Јагодина или во четврта лига во Финска.