Фудбал

Играчи кои го прославија ПСЖ пред шеиците

Пари Сен Жермен во моментов е еден од најбогатите клубови во Европа и во таква ситуација ретко кој ги памети фудбалерите кои беа симбол на оваа екипа кога парите не извираа од сите страни.

Барем еден се метна на него

Џастин Клајверт, еден од четирите сина на Патрик игра за тимот на Ајакс до 16 години. Младиот талент ги потсети навивачите на овој клуб како отприлика изгледаше голот на Златан Ибрахимовиќ кога ја изора цела противничка екипа како бавча.

Рекордери по повреди во Премиер лигата

Од последните 1.121 ден Даниел Стариџ се повредил 18 пати и пропуштил 614 дена. Има и бетер од него.

Рома заигра и во првата лига во Боливија

Искрено копајќи по нетов не откривме што е форава, ама прволигашки клуб од Боливија се појави со фејк дресови на Рома и тоа на официјален натпревар.

Во живо од кабината на асистентот на судијата

Бидејќи не гледаме каде е и што прави судијата кој му јавува на главниот арбитар во случај да треба помогне за некоја спорна ситуација на терен, еве ви го и тоа на мегдан. Одиме во живо од мечот меѓу Феенорд и Херенвен од холандското првенство.

Офсајд лик: Дал 6 гола и пак го загубил мечот

Поранешна легенда на Манчестер Јунајтед, која претходно има играно во нивниот градски ривал е најновиот наш Офсајд лик поради случката која најверојатно не се памети кај друг фудбалер откако постои овој спорт.

Ретро гол на Клоп во Мајнц

Неговите гестови како тренер се една од уникатните работи во модерниот фудбал, но за неговата играчка кариера не се знае многу. Како на пример за овој еврогол.

Среќен роденден Џиџи

Еден од најдобрите голмани во светот кој кариерата им ја посвети на Парма, Јувентус и Италија денеска полни 38 години. Ова е најдоброто од неговата 20 годишна кариера во која и најдобрите играчи на планетава немаа и сè уште немаат лек за неговите одбрани.

15 секунди со Даглас Коста

По 6 сезони и 5 трофеи по ред со Шахтјор, бразилското крило извади максимум во украинскиот шампион. Од оваа сезона неговиот напредок се вика Баерн Минхен, сосема заслужен дрес кој го носи.

Матните игри со познатите играчи на Партизан

Сомнителните и контроверзните потези во македонскиот фудбал за купен натпревар или местенка за кладилница ги слушаме само во чаршија. Кај Србите се раскажува отворено и храбро од човек кој бил внатре. Тема се задкулисните игри во контроверзните трансфери на Митровиќ, Настасиќ, Марковиќ...

Ако се молат 22 играчи, тогаш треба да заврши нерешено

Неверојатниот Холанѓанец три пати ја добиваше Златната топка за најдобар играч и како таков одлично ја познава фудбалската заедница.

Судан ќе ви покаже нешто со рабона удар

Овој специфичен вид на шут кога го гледате колку е тежок за издвојување си мислите како некој не се заплеткал до сега со нозете. Ма какво заплеткување, гледајте го дечково од Судан од каде успеа да даде гол.

Аугзбург и наочарите на Јирген Клоп

На германскиот клуб му претстои двомеч со Ливерпул во Лигата на Европа. Од таа причина на официјалниот Твитер на Аугзбург излезе слика со натпис: „До нашиот меч во Лига Европа остана уште помалку од еден месец. Мора да бидеме спремни за доаѓањето на Клоп и компанија".

Министер за енергетика Каха Каладзе

Човекот со 2 титули во ЛШ и едно скудето во Серија А го пребродил тешкиот период од животот кога 4 години не знаел каде е киднапираниот, а подоцна убиен брат и стана најмоќен човек во грузиската енергетика.

Олд Трафорд - Театар на дремката

Ако некогаш важеше за место на кое на противникот уште при доаѓањето со клупскиот автобус му се тресеа нозе, на стадионот на Манчестер Јунајтед денес владее театарска атмосфера во која комотно може да дремнете саат-два без некој да ве разбуди.

Ако ме продадеш ќе ти дадам гол

Новиот напаѓач на Болоња му даде гол на Сасуоло веднаш штом го продадоа. Тоа му е редовна пракса против поранешните клубови.

Рисе не ја заборавил голф палката на Белами

Џон Арне Рисе после 9 години прозборе за фамозната тепачка со неговиот поранешен соиграч во Ливерпул, Крег Белами.

Добиваш на лото и го купуваш омилениот клуб

Сигурно некогаш сте се запрашале како би било сјајно оддеднаш да станете милионер, да живеете на Карибите и да станете сопственик на фудбалски тим. 58-годишен невработен Англичанец има многу да ви каже на таа тема.

Фудбалот меѓу џихадистите, за фаул физичко мачење

Фудбалот како занимлива игра ги привлекува и радикалните исламисти, кои го играат и покрај тоа што велат дека е строго забранет затоа што „е ѓаволска работа од западот".

Голманов побудале, коментаторот по него

Ма каков Буфон или Ноер, пазете го вие голманчево кое брани за нисколигаш од Сицилија. Со две топки да му шутираа пак џабе.

Странци кои најдолго играле за Милан

За богатиот музеј на Милан големи заслуги носат и фудбалери кои дојдоа од страна и долги години го носеа црвено-црниот дрес.

Фудбалот знае многу да боли

А такви примери во кои многу боли ги имате вo видеoвo.

Последната фудбалска надеж во семејството Веа

Синот на поранешната Златна топка со 15 години игра во ПСЖ У17 кои се прваци во Франција, а луѓето од стручниот штаб веќе му го дадоа епитетот „феномен“.