1.000 голови на Олд Трафорд во детали

Манчестер Јунајтед е првиот клуб во Премиер лигата кој стигна до оваа јубилејна бројка на домашен терен откако Мартиал викендов погоди против Евертон. Клубот се фати за статистика и пресмета дека најмногу дал Руни, мајстор за асистенции е Гигс, а има податоци и како и кога биле постигнати. Астон Вила со 50 има најмногу примени, Тотенхем 49, Евертон 48. Вториот клуб кој е најблиску до 1.000 голови во Премиер лигата пред своја публика е Арсенал. Инаку 910 се од времето на Фергусон.

5 април 2016 - 15:55