Потребна е награда за ножички на годината

Со оглед на големиот број на голови со таква акробација која скоро секое коло му успева на некој, покрај наградата „Пушкаш“ за гол на годината, навистина треба да постои посебна награда за најдобар гол со ножички. Викендот Пинила од Аталанта го нокаутираше Милан, Рибери собра отпад, претходно изненади младинец на Ница, а ножички кои би конкурирале за награда се оние на Естебан Мирачо од втората аргентинска лига на кој му успеаа од многу тежок агол.

4 април 2016 - 19:00