Фудбал

Хаос на дербито во Чиле

Незапаметени навивачки нереди го одложија одигрувањето на големото дерби меѓу Коло Коло и Сантијаго во Чиле.

Лудоста на голманот на Аугзбург

Марвин Хитц, голманот на Аугзбург го направи најлудиот потег сезонава во фудбалска Европа. Подоцна се извини, а некои уште не можат да поверуваат како можел да смисли такво нешто. За парадоксот да биде поголем, неговиот тим шест минути подоцна даде гол и славеше 0-1 против Келн.

Екстра талентот кој собра 12 милиони со едно видео

Рома пред една година ги победи силните конкуренти и го грабна од Андерлехт детето кое со топка на 9 години прави чуда. Пјетро Томазели само со ова видео повлече преку 12 милиони прегледи, над 200.000 шерови и околу 12.000 коментари.

Поплавени стадиони во Англија и Шкотска

Поради големите поплави во северна Англија, 10.000 луѓе од реонот и неколку места од Шкотска останале без струја и вода. Поради излевањето на двете реки, стадионот на нисколигашот Карлајл целиот бил под вода, а играчите и стручниот штаб на тимот решиле да им помогнат на жителите од градот.

Судиска лакрдија во Кратово

Играа Силекс и Работнички, реванш натпревар од Купот на Македонија, а средбата ја одбележи комичниот момент кога судијата Фатон Мустафи досуди пенал за Кратовци. Тргна кон тој што го направи фаулот, но кога се сетил дека тој веќе има еден картон, му даде жолт на сосема трет играч.

Малдини го откри проблемот на Милан

Легендарниот фудбалер кој се пензионираше пред шест години, изјави дека трансфер гуруто во Милан, Адријано Галијани не го разбира фудбалот и дека тој е главен виновник за слабите резултати на тимот.

Тикетот на Мирјана

Ова се денешните пет предлози на Мирјана за типување.

Голот на Пинтуричио пред 21 година

Кога локален лист од Фиренца направил анкета за тоа кој е најубавиот гол што го примила нивната Фиорентина, 90% од испитаниците изјавиле дека тоа е погодокот на Алесандро Дел Пјеро на 4 декември 1994. година на Деле Алпи. Малиот Моцарт како што го викаа Алекс тогаш имаше 21 година.

Венгер го слуша само Боб Марли

Легендарниот француски менаџер изјави дека ужива додека го слуша регето на Боб Марли во секоја прилика и тоа му е инспирација во стресната работа.

Во поход по победата број 300 во Премиер лигата

Челси ова коло го пречекува Бурнмут, а доколку настапи Џон Тери ќе има шанса да стане четвртиот фудбалер во историјата на Премиер лигата со оваа јубилејна бројка на победи.

Писмото на Фергусон до Кантона

За пет години на Олд Трафорд со Фергусон стигна до четири титули во Премиер лигата. Се повлече на 31 година и влезе во филмската индустрија, а колку Фергусон имаше респект кон него покажува ова писмо кое Ферги му го напиша кога се повлече од фудбал во 1997 година. Манчестер Јунајтед го објавува дури сега.

Најлошите 5 прослави на гол во Бундеслигата

Ариен Робен и Јирген Клоп клизаа неуспешно, а Мирослав Клосе од преголема радост мораше да излезе од игра. Во оваа компилација имаме и голман кој џабе се радуваше.

Големото срце на фудбалерот на Интер

Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ решил да даде пари за сложена операција на лигаменти на фудбалер на црногорскиот Будуќност кој не го познавал лично.

Еден потпис и плагијат се стори

Фудбалската серија Погрешна кривина се емитуваше 18 пати, а главни и споредни улоги играа познати фудбалери од кои некои беа прогласувани за најдобри на светот, а потоа станаа само статисти и туристи.

Јувентус во ритамот на Барселона

Актуелниот шампион на Италија имаше катастрофален старт сезонава во Серија А и само еден освоен бод по првите три кола, но сега е на 7 бода до лидерот на табелата, благодарение на зголемениот процент на реализација со Манџукиќ, Дибала и Ѕаѕа.

Што може Гери Невил да ѝ донесе на Валенсија?

Шпанскиот прволигаш ја изненади фудбалска Европа, откако покрај голем број кандидати се одлучи за стручниот консултант и помошникот на Рој Хоџсон. Зошто се решија за верниот бек на Сер Алекс?

Ѓуровски во стилот на Михајловиќ

Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски одново блесна во дресот на Муангтонг јунајтед, овој пат со мајсторија од слободен удар за победа од 2:1 против Арми јунајтед и пласман во финалето на Купот на Тајланд. Ваков лоб од косо, ретко се гледа.

10-те пенали со 5 милиони прегледи

Компилацијата почнува со трикови кои не се повторија од белата точка, а продолжува со клучни пенали и паненки кои ќе останат во аналите на фудбалот и од кои ви доаѓа да се наежите додека вриштат коментаторите.

На Емануел Адебајор му е најубаво

Фудбалерот од Того седи дома, се легачи, слуша музика, а од Англија неделно му стигаат по 175.000 фунти за неиграње фудбал во Премиер лигата.

29 фудбалери на Фергусон кои станаа тренери

Тајмс излезе со интересна листа откако Гери Невил го назначија за тренер на Валенсија. Тој е 29-от играч од Манчестер под водство на Фергусон кој потоа стана тренер. Лорен Блан е во ПСЖ, Гигс е помошник во Манчестер, Пол Инс во Блекпул, Рој Кин во Ипсвич, Солскер во Кардиф...

Ѕампарини брка играчи сред сезона, Трајковски останува

По елиминацијата од третолигаш, претседателот на Палермо се изнервира и донесе решение дека Мареска, Ригони и Дапрела нема да може повеќе да играат за тимот, туку само ќе може да тренираат.

Како да не го сака Гвардиола

На лично инсистирање на Пеп, Тиаго Алкантара во 2013 дојде од Барселона во Минхен за 25 милиони евра. Иако е роден во Италија и има бразилско потекло, тој одлучи да игра за Шпанија. Неговиот брат Рафиња игра за Барса и за Бразил.

Најслабата година за македонската фудбалска репрезентација

Според денешното последно рангирање на ФИФА за оваа година, нашите дрва завршуваат како 136-та фудбалска земја во светот за 2015 година.