За Манчестер Јунајтед во четврток може да заигра фудбалер кој преживеа тешка болест

Одбранбениот фудбалер Макс Тејлор се најде на списокот од 14 играчи помлади од 20 години кои отпатуваа со Манчестер Јунајтед во Казахстан каде ќе ѝ гостуваат на Астана во Лига Европа.

Макс Тејлор има 19 години и првпат се наоѓа во составот на првиот тим, но неговата историја е далеку потешка отколку што се мисли.

Тејлор е дете на Манчестер. Уште од мал навивал за Јунајтед и одел на „Олд Трафорд“, а во академијата на клубот пристапил во 2014 година. До тогаш играл фудбал во помали екипи. Скаути го забележале во школскиот тим и го викнале на проба.

На само 16 години Тејлор дебитирал за U23 екипата на славниот Манчестер и тоа во дербито против Манчестер Сити. Тоа било принудно деби поради голем број повредени играчи на тој младински тим. Потоа Макс во следните две години продолжил со U18 каде бил одличен и заработил професионален договор. Од тогаш го префрлиле во U23.

„Тоа е детски сон за секој кој е роден во Манчестер а навива за Јунајтед“, рекол Тејлор.

СМЕНИЛ ПРЕЗИМЕ ПА НАВИВАЧИТЕ НЕ ЗНАЕЛЕ КОЈ Е

Во февруари 2019 година Макс Тејлор решил да се прекрсти во Макс Дан. Навивачите кои ги следат дури и младинските категории на Јунајтед се збуниле.

Во февруари 2019 година се случила и тешка историја на Макс: му дијагностицирале рак на тестиси.

Болеста му се јавила претходно па тој воопшто не играл во сезоната 2018/2019 но Манчестер Јунајтед за тоа објави дури во февруари годинава, кога Макс одлично реагирал на терапиите.

Дефанзивецот се оперирал, го поминал курсот на хемотерапија и после една година, во септември годинава одново почнал да тренира со U23.

„Многу сум горд и среќен што им се вратив на тренинзите заедно со соиграчите и другарите од екипата. Без поддршка од моето семејство и другарите од тимот, секако и лекарите и медицинските сестри, моето враќање на теренот во оваа етапа би било невозможно.

Сакам да им се заблагодарам на сите лекари и научно-спортскиот персонал на клубот, со кои работев за време на мојата рехабилитација. Следен чекор е да продолжам напорно да работам во теретана и на теренот, па се надевам дека ќе се вратам брзо во игра“, рекол Макс.

После само еден месец тренинзи тој бил прекомандуван во првиот тим. Него го поддржал и англискиот репрезентативец Џеси Лингард: „Преубаво што ти и твојата насмевка сте одново со нас! Среќен сум за тебе како никогаш!“

А сега Тејлор доби повик за мечот во Лига Европа Астана - Манчестер Јунајтед.

„Очигледно дека Оле на многумина од нас ни даде шанса да патуваме со екипата. Се надевам дека некој од нас ќе игра. Во ова време минатата година јас бев на хемотерапија... Не ни можев да помислам дека за една година ќе играм за прва екипа. Просто да се влезе во неа е неверојатно. Колку што се сеќавам, за тоа мечтаев уште кога почнав да играм со топка - да станам првотимец на Манчестер Јунајтед“, изјавил Макс Тејлор.

Мотивичарка животна приказна и прекрасен епилог.