Виљареал со Мајорка ко на тренинг, 4 гола за 8 минути
Во дуел на екипите кои котираат многу високо на табела во Ла Лига, Виљареал (5-то место) и Мајорка (6-то), домаќинот славеше со 4-0. Фудбалерите на Виљареал ги дадоа головите од 20-та до 28-ма минута и ја завршија работата експресно.
Претходниот рекорд на „жолтата подморница“ датира од 2003-та година. Во шпанска Ла Лига претходно за 8 минути 4 гола постигнала Барселона на гости кај Алавес во 2017-та година.