Уругвајскиот шампион Пењарол од 1987-ма наваму ниту еднаш не стигнал до претпоследната фаза на Копа Либертадорес. Синоќа во реваншот против моќниот фаворит Фламенго одиграа 0-0 на домашен терен и по триумфот 0-1 на гости обезбедија пласман во полуфинале.
Интересно Пењарол својата последна титула во Копа Либертадорес ја осовил во далечната 1987-ма година а овој клуб е трет најтрофеен во Копа Либертадорес со дури 5 титули. Само Индепендиенте со 7 и Бока Јуниорс со 6 се пред него.
На својот терен синоќа пред повеќе од 40.000 гледачи Пењарол успеа да го одбие Фламенго и влезе во самата завршница на Копа Либертадорес каде го чекаат Ривер Плејт, Атлетико Минеиро и Ботафого против кого ќе игра во полуфиналето.
Пењарол реши да се брани во текот на целиот меч и таа тактика им испадна совршена затоа што и на првиот меч од една брза контра го постигнаа единствениот победнички гол кој на крајот се испостави клучен во двомечот:
Incredible counter-attack puts Penarol 1-0 up against Flamengo at the Maracana. Game on.pic.twitter.com/b4zBJT1pZT
— Nathan Joyes (@NathanJoyes1) September 19, 2024
По крајот на дуелот навивачите, играчите и тренерите во стручниот штаб плачеа од среќа што направиле историски успех и го донеле Пењарол во прво полуфинале после цели 37 години!
PASIÓN 💛🖤
— PEÑAROL (@OficialCAP) September 27, 2024
pic.twitter.com/wY2bmvSO94
EL CLUB DEL PUEBLO
— PEÑAROL (@OficialCAP) September 27, 2024
pic.twitter.com/Lv8UZqGFBZ
— PEÑAROL (@OficialCAP) September 27, 2024