
Доколку во следното коло кога играат против последнопласираната Ахна, Тричковски повторно постигне гол, ќе се израмни на вечната листа со Паикао, Васконсело и Рауфман кои дале гол на осум меча по ред.
Иван неодамна доби големо признание од клубот АЕК Ларнака за 200 одиграни меча. Тој е најомилен играч меѓу навивачите на овој кипарски клуб кој во моментов со 17 бода е прв на табела, пред Аполон кој има 13 бода.