Проширувањето на Светско првенство, Европско првенство, Светско клупско првенство, Лига на шампиони и други турнири на повеќе клубови значи дека врвните фудбалери ќе играат далеку повеќе натпревари од кога и да било.
Светската унија на професионални играчи FIFPro неколку пати опоменуваше дека бројот на фудбалски натпревари сезонава „ќе биде полош од кога и да е“ во смисла на напор.
Во последниот извештај, во анкетата што ова аунија ја направила, вели дека пола од испитаните фудбалери се соочиле со преголеми напори и дека 1 од 6 од нив имал повеќе од 55 натпревари во сезоната.
Тиери Анри (47) вели дека Џуд Белингем од Реал Мадрид е прав пример за пренатрупан календар. Белингем се повреди и ќе го нема најмалку месец дена откако претрпел повреда на мускул во десната нога во август откако одиграл 42 натпревари за Реал Мадрид и веднаш потоа уште 7 речиси полни натпревари од почеток до крај за Англија.
Анри е член на стручниот тим на СБС студиото и таму анализира натпревари во Лига на шампиони заедно со симпатичната водителка Кејт Абдо и некогашните премиерлигашки фудбалери Џејми Карагер и Мика Ричардс.
„Мислам дека за нас, на Си-Би-Ес е прекрасно да коментираме повеќе и повеќе натпревари. Но има едно но за мене, затоа што сум на патот да станам тренер. Премногу натпревари. Премногу натпревари. Како поранешен играч не знам како дечкиве издржуваат. Како стручен коментатор уживам. Но како поранешен фудбалер и како тренер, премногу натпревари се.
Белингам веќе е повреден. Тешко е да се игра сезона па после да се оди на Европско и да се врати и пак да се игра за репрезентација. Натпревари лево и десно и после уште и ФИФА Светско клупско првенство на крајот од сезоната.
Колку и да сакам да гледам Милан - Ливерпул и сакам да гледам Манчестер Сити 0 Интер, сакам да ги видам најдобрите фудбалери да бидат спремни на теренот да прават се што можат. Тоа е исто дел од производот, да ги имаш најдобрите играчи на терен но да бидат спремни цело време.
Да, за нас е прејако, ама да бев тренер, не знам дали ќе ми беше ова прејако. Премногу натпревари се“, вели Анри.
Најдобриот светски тренер на денешнциата, Пеп Гвардиола, пак, вели дека единствен начин да се смали бројот на натпревари во календарот е играчите сами да го нападнат календарот како што Родри изјави дека распоредот не е здрав.
Ерик тен Хаг, тренерот на Манчестер Јунајтед вели дека долгата листа на повреди на неговиот тим минатата сезона се должела на проширениот календар и претераноста. А тренерот на Баерн Минхен Венсан Компани побарал да се знае колку еден играч може да има ограничени настапи во една сезона, додека бил тренер на Барнли лани.
„Ако си во Англија, играш Карабао Куп и играш ФА Куп. Премногу е! Ако гледаш едно натпреварување цело време и го изолираш тој турнир, ти си во стилот „а, добро е“. Но ако си голем играч не е океј затоа што играш и е напорно. Не ме сфаќајте погрешно, едноставно сакаш да ги играш овие натпревари. Но ќе повторам, сакаш да бидеш дел од овие натпревари свеж и да бидеш способен да покажеш кој навистина си. Тоа е мојот проблем“, вели Анри и додава дека тој се става во заштита на интегритетот на играчите и нивното здравје.