Р`мбај 10.714 години за да стигнеш до една годишна плата на Нејмар

Иако со завршувањето на летото темата со плати и трансфери малку ја подзаборавивме, Италијанците извадија некои пресметки за да покажат колку се “сиромашни“ во однос на фудбалерите со најголеми плати.

Споредбата е направена меѓу годишната плата на Нејмар кој летово стана најскапиот и најплатениот фудбалер во светот со годишните плати на седум професии во Италија.
 
Практикант: 6.000 евра
Студент со парт тајм работно време: 10.500 евра
Обичен работник: 20.000 евра
Комерцијалист: 25.000 евра
Доктор: 48.000 евра
Директор на банка: 76.000 евра
Претприемач: 110.000 евра
 
Со оглед на тоа што Нејмар заработува 45 милиони евра годишно, математиката вели вака:
 
Практикант треба да работи 7.172 години за да стигне до една годишна плата на Нејмар или за да ги има денеска тие пари, требал да почне да работи од 5.155-та година пред нашата ера.
 
Студент со парт тајм работно време: 4.098 години
Обичен работник: 2.152 години
Комерцијалист: 1.721 години
Доктор: 896 години
Директор на банка: 566 години
Претприемач: 391 години
 

Истово го направиле и со Леонардо Бонучи кој заработува 11 милиони евра, но тука веројатно му ја додале заработката и од маркетинг, бидејќи Газета дело Спорт пред некој ден ги објави платите на на играчите од Серија А, каде стоеше дека Бонучи заедно со Игуаин се најплатени со по 7,5 милиони евра годишно.
 
Практикант: 1.833 години
Студент со парт тајм работно време: 1.048 години
Обичен работник: 550 години
Комерцијалист: 440 години
Доктор: 229 години
Директор на банка: 145 години
Претприемач: 100 години
 
Ве интересира истава споредба со Македонија? Подобро да не навлегуваме во детали. Ако просечна плата кај нас е околу 350 евра, еден Македонец за да стигне до годишната плата на Нејмар, треба да работи 10.714 години :).
13 септември 2017 - 13:34