Кристал Палас има проблеми на Селхерст Парк бидејќи микроскопски паразити ја напаѓаат тревата. За таа цел тие користат лук кој до сега се покажал како успешен рецепт за да решавање на овој вид проблем.
Од клубот известуваат дека користат течност направена од лук во течна состојба затоа што така било поефикасно.
„Замислете си го лукот кој го имате дома и 100 пати по толку. Ние имаме проблеми со нематоди, кои се микроскопски паразитски црви кои живеат во корените на тревата. Тие ја ослабнуваат тревата и ја прават подложна на болести и абење“, вели човекот кој е одговорен за одржување.
Првиот претсезонски меч Кристал Палас на Селхерст Парк го игра на 5 август против Шалке, а тимот на Франк де Бур во првото коло од Премиер лигата се среќава со новиот прволигаш Хадерсфилд на 12 август.
Во Кристал Палас се надеваат дека ќе имаат повеќе среќа со овој необичен метод на одржување на тревата од Дарлингтон, кој истото го правеше пред 18 години.