Со Леброн Џејмс секој цепелин е шоу

Ѕвездата на вечерта во НБА лигата е Донован Мичел со 71 поен, но не може никако да се игнорира и она што го прави неверојатниот Леброн Џејмс на 38 години. Јубилејната 20-та година во НБА ја почна со 43 поени, 11 скока и 6 асистенции и стана само втор играч на 35+ години со постигнати 40+ поени на две средби по ред. Првиот е Мајкл Џордан.

Лејкерс славеше против Шарлот со 121:115. Оди наречи го Леброн ветеран после ваква забава под кош.

Историја за Кливленд и Донован Мичел кој на Чикаго му даде 71 поен

3 јануари 2023 - 11:21