Нема крај на мизеријата на аргентинската фудбалска репрезентација, а оние кои се прашуваат зошто таков состав не може да врзе два добри резултати треба да видат на што тоа личи.
Во моментов, после 2 одиграни кола во групата Б на Копа Америка, Катар е пред Аргентина на табелата. Толку треба да знаете за очајот на „гаучосите“ кои во Бразил дојдоа со Ди Марија, Меси, Агуеро, Лаутаро, Ло Селсо, Паредес и уште многу други ѕвезди.
Фудбалерот на Њукасл Мигел Алмирон во 37’ минута страшно брзо тргна по лева страна и откако помина пар играчи, му асистираше на Ричард Санчез кој го совлада Франко Армани за 0-1:
Околу тоа како изгледа Аргентина на Копа Америка 2019:
Аргентина од шокот се поврати во 57’ минута коа по шутот на Лаутаро Мартинез, топката удри во рака еден играч на Парагвај и судијата досуди пенал. Сигурен реализатор кој друг ако не Меси:
Да се биде навивач на Аргентина сигурно е многу стресно. После радоста за 1-1, не пројдоа пет минути а Парагвај доби пенал кој катастрофално глупо го направи Николас Отаменди кој од зад грб го фаулираше Дерлис Гонзалес. Истиов фудбалер не успеа да го совлада Франко Армани кој му одбрани пенал и „му спаси живот на Отаменди“:
После ремито 1:1, Аргентина сега има само 1 освоен бод. Пред нив е Катар кој има подобра гол разлика, а Колумбија е прва со максимални шест бода и веќе е во четвртфиналето.
Аргентина во последното коло ќе игра со Катар и има среќа што системот е таков понатаму да одат и две најдобро пласирани трети селекции, така што нема во целост да зависат и од мечот Парагвај - Колумбија каде Колумбијците најверојатно ќе ги одмораат првотимците зошто веќе се во четвртфинале.