Школите на Баскијците дадоа најмногу таленти за Шпанија на Еуро2024

Репрезентацијата на Шпанија игра прекрасен фудбал на Европското првенство каде се пласираше во финалето. Овој голем успех би бил невозможен без академијата на Атлетик Билбао која дава дури пет фудбалери во репрезентација од кои тројца клучни играчи за Шпанците.

На голот Унаи Симон, столб во одбраната е Емерик Лапорт а на крило е сјајниот Нико Вилијамс - сите тројца воспитаници од школата на Атлетик Билбао.

КОИ ШКОЛИ ИМААТ НАЈМНОГУ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ШПАНИЈА?

Според правилникот на ФИФА, играч кој поминал најмалку 3 години на возраст од 15 до 21 година може да се смета за дете на клубот. Пример Педри во Барселона дојде на 17 години па иако го сметаат за изданок на познатата академија Ла Масија на Барса, сепак тој веќе претходно дебитираше за првиот тим на Лас Палмас.

Иста е и ситуацијата со Родри: тој до 17 години бил во школата на Атлетико Мадрид но заминал во Виљареал, таму поминал 5 години па се вратил во Мадрид. Затоа го сметаат дете на Виљареал, а не на Атлетико како што се мисли.

КОИ КЛУБОВИ ДАЛЕ НАЈМНОГУ БИСЕРИ ЗА ШПАНИЈА НА ЕУРО2024?

Атлетик Билбао - 5
Барселона - 5  
Реал Мадрид - 3
Реал Сосиедад - 2
Виљареал - 2
Бетис - 1
Блекбурн - 1
Брест - 1
Валенсија - 1
Динамо Загреб - 1
Осасуна - 1
Севиља - 1
Селта Виго - 1
Тенерифе - 1

Баскисите Земји даваат дури 7 играчи од кои 5 Атлетик Билбао (Унаи Симон, Алекс Ремеиро, Емерик Лапорт, Дани Вивиан, Нико Вилијамс) и 2 Реал Сосиедад (Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал)

ШКОЛАТА НА АТЛЕТИК Е ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ВО ЦЕЛА ШПАНИЈА

Во 1911-та година Атлетик го освоил шпанскиот Куп но за малку ќе останел без пехарот затоа што Федерацијата покренала борба против странски фудбалери. На крај го оставила трофејот кај Баскијците кои заслужено го освоиле.

Тогаш Атлетик Билбао во одговор објавил дека се откажува од странски играчи. Сите сметале дека е тоа само револт и бунт против Федерацијата кои ќе пројдат.

Но во Билбао остана ограничувањето поради големата гордост. Ова правило за Атлетик да играат само домашни фудбалери стана клупска филозофија без која не е замислив клубот.

Навивачите во голема мера ја помогнале целата иницијатива која трае речиси со векови и секогаш биле на страна на клубот дури и кога не му одело.

„Атлетик се разликува од која било друга работа. Ако имате проблем во друг клуб одите на пазарот и бирате играч. Вашите скаути одат насекаде. Во Атлетик се е поинаку. Тука е неопходно да се прилагодите на карактеристиките на играчите зошто точно знаете дека нема да биде лесно да се најде друг играч“.

Трансферите речиси никогаш не се главна варијанта за Атлетик Билбао кој сепак знае да одвои голема сума, како во случајот со Ињиго Мартинез за кого дадоа 32 милиони евра во Реал Сосиедад. Во 126 години постоење на клубот, Атлетик Билбао има потрошено помалку пари од ПСЖ за трансферот на Нејмар.

Огромен дел од средствата ги вложуваат во младинската академија. Земјите на Баските имаат околу 3 милиони жители на просторот меѓу Шпанија и Франција, така што успешното постоење и одржлив развој на клубот зависат од системот на подготовки и ловот на таленти.

По целиот регион во Баскија Атлетик Билбао има дури 150 детски фудбалски школи како филијали кои во баскиската гордост ги праќаат само нај-најталентираните деца. Скаутите на Атлетик работат претежно во округот Бискај близу Билбао.

Овој систем базиран на изворот на таленти работи добро: во Топ20 најдобри стрелци во историјата на шпанска Ла Лига дури четворица се играчи на Атлетик Билбао (меѓу нив и епскиот Темо Зара од кого повеќе голови имаат само Кристијано Роналдо и Лионел Меси).

Филозофијата исклучително ги крати можностите за големи и скапи трансфери и се потпира на квалитетот на младинската школа (85% од првотимците се од клупскиот систем).

„Локалците го живеат фудбалот и разбираат: ако не се дадат себеси на Атлетик Билбао, на клубот ќе му биде тешко. Затоа овој принцип работи кај сите: и кај најмалите во академиајта кои од детство мечтаат да станат професионални фудбалери и кај нивните тренери“, вели локалниот новинар Јон Агириано.

Во последните години политиката на Атлетик станала малку помека: па играч од која било националост кој најмалку две години бил дел од младинската школа на кој бил клуб од Баскиските Земји (во таа смисла и францускиот дел и Навара), има право да игра за клубот.

НЕОБИЧНА ФИЛОЗОФИЈА

Баскискиот регион е многу чуден не само во политички, туку и на спортски план. Локалците понекогаш се креваат на бунт но на крај односите со државата остануваат мирни. Баскиските Земји потајно настојуваат на независност и сметаат дека не се во многу што поврзани со останатата Шпанија.

Иако локалните тимови важат за ривалски, сепак овој факт го вцрствува нивниот однос. Ривалства и непријателства има само меѓу навивачите. Пример оние на Атлетик Билбао се уште потсеќаат на привилегиите кои ги имал Реал Сосиедад во првата половина минатиот век.

Постојат четири главни клуба од Баскија:

Атлетик Билбао - симбол на работничката класа, провејува сепаратистички сентимент од Земјата на Баските. Уникатни се по тоа што играат само со свои деца а навивачите ја одобруваат оваа вековна идеја.

Реал Сосиедад - прв кралски клуб од регионот. Првиот претседател на Сосиедад бил Енрике Пардињас кој бил еден од основачите на Шпанскиот сојуз на клубови, предвесник на Шпанската кралска фудбалска федерација.

Алавес - просечен клуб кој не го сметаат за голем ривал на главните два клуба од Баскија Атлетик Билбао и Реал Сосиедад. Но Атлетик воглавно не пушта млади фудбалери во Алавес а тие исто одбиваат главните играчи да ги продадат во Билбао.

Еибар - најскромен и најмал од сите четири. Се дружи со сите останати.

ИМАЛО СКАНДАЛИ МЕЃУ КЛУБОВИТЕ ВО БАСКИЈА

 

Во 1989-та година Реал Сосиедад се откажал од идејата за само баскијски фудбалери во тимот поради Атлетик Билбао кои ги собирал сите таленти од баскиската провинција а често и крадел играчи од Сосиедад.

Клубовите подоцна се договориле да не си земаат играчи едни од други но овие правила се почесто ги нарушувале. Најчесто во младинските категории.

Во 2018-та пак, се случи Атлетик Билбао да го потпише стоперот Ињиго Мартинез од Реал Сосиедад за 32 милиони евра. Навивачите на Сосиедад биле гневни затоа што само некое време претходно тој им се колнел на верност.

Атлетик Билбао многу таленти црпи и од изворот, од фудбалската школа Антихуоко од каде таленти на времето земал Сосиедад кој од таму го пронашол Чаби Алонсо. Десет години оваа школа имала договор со Реал Сосиедад но во 2020-та потпишале согласност на 10 години со Атлетик Билбао.

Зимава Атлетик тајно се договорил и потпишал договор со крилниот играч на Алавес Андони Горосабал. Првиот човек на Алавес Алфонсо Троконис свика прес-конференција и рекол дека крив за се е Атлетик Билбао и дека такво нешто не смее да се повтори.

Во Памплона е и Осасуна која не е во Земјата на Баските но има слична славна академија како Атлетик Билбао. Пример Микел Мерино и Хави Мартинез доаѓаат од таа академија.

11 јули 2024 - 15:01