Во опсежна истрага, Ројтерс стигнал до шокантни откритија според кои американски спортисти имале дозвола од Американската антидопинг агенција (USADA) да се натпреваруваат дури и по позитивните резултати кои им се откриени. Американската антидопинг агенција решила да ги премолчи тие случаи и така го прекршила и својот правилник но и тој на светската антидопинг агенција.
Што е уште најспорно, УСАДА наводно им дозволила на своите спортисти и натаму да се натпреваруваат „се со цел истите да се обидат да прибават инкриминирачки докази против другите спортисти“ односно да ги откријат сите други кои користеле допинг.
Кодексот на Светската антидопинг агенција има дел во кој навистина се наведува дека спортист би можел да добие поблага казна доколку би соработувал со агенцијата и би доставил нови докази но постои јасна постапка како се прави тоа и секако на спортистот не му е дозволено да продолжи да се натпреварува.
А војната меѓу американската антидопинг агенција (USADA) и светската антидопинг агенција (WADA) датира од поодамна. Кулминираше пред Олимписките Игри 2021 во Токио кога тригер станале 23 кинески пливачи кои наводно биле позитивни на тест на триметазидин.
САД барале реформи а од ВАДА се заканиле дека ќе ја отстранат американската страна.
Дури 23 кинески пливачи кои паднале на триметазидин (препарат поради кој драконски го казнија младото девојче Камила Валиева која на 14 години освои златен медал во тимска конкуренција но подоцна и го одземаа поради наводна истрага за допинг).
Но да се вратиме на кинеските пливачи, никого не казнија, а половина од нив спокојно настапија на Олимписките Игри и се вратија со медали меѓу кои и златни.
Во овој случај има навистина многу чудни околности: истрагата започна подоцна, заклучоците беа несфатливи (наводно како препаратот ја контаминирал кујната во хотелот во кој престојувале спортистите) и сл. На крај ВАДА се среди, стокми и инцидентот беше заташкан.
Оваа ситуација излезе на површина и ги разгневи Американците.
„Жално е сознанието дека Светската антидопинг агенција и Кинеската антидопинг агенција досега ги прикривале овие позитивни примероци без фер и непристрасна примена на глобалните правила кои важат за сите останати во светот.
Сите оние кои ги извалкале рацете со прикривање на позитивни тестови и со сузбивање на гласот на храбрите свиркачи мора да одговараат во најстрога мерка на правилата и законите“, рекол Тревис Тајгерт, шефот на американската антидопинг агенција.
ВАДА веднаш се бранела со остар одговор:
„Светската антидопинг агенција е згрозена од незапаметените и целосно лажни и клеветнички изјави на извршниот директор на американската антидопинг агенција Тревис Тајгерт кој изнесе многу сериозни обвининенија кон ВАДА во врска со случајот на 23 пријавени кинески пливачи во медиумите порано денес.
Обвиненијата на Тајгерт се политички мотивирани и зинесени со намера да се поткопа работата на ВАДА на заштита на чистиот спорт во целиот свет. Светската антидопинг агенција непоменува дека клеветничките коментари се дадени без никакви следствени докази.“
Американците не застанаа тука. Продолжија.
„Ги повикуваме владите и спортски движења да ги преиспитаат активностите на Светската антидопинг агенција како би се осигурале дека прикривање на позитивни тестови пред Олимписки Игри веќе никогаш нема да се повтори и еднаш засекогаш да се тргне „лисицата“ од „чување на кокошарникот“, така што ВАДА ќе стане навистина независна“.
Меѓусебната препирка доведе до одлука случајот со кинеските пливачи повторно да се разгледа со ангажирање на независен обвинител. Но расправијата не заврши тука.
ВАДА ја критикуваше антидопинг агенцијата на САД, а Американците бараа извинување. Додека обвинителот работел на случајот, ВАДА одела од одбрана во напад па соопштила дека Светската антидопинг агенција не е баш задоволна од антидопинг случаевите во САД.
„Сега нè напаѓаат од САД и сакам да напоменам дека 90 одсто од американските спортисти не подлегнуваат под антидопинг кодекстот, а 31% од оние кои подлегнуваат, не се тестирани на допинг. Но верувам дека американските спортисти, баш како и спортистите од која било друго земја заслужуваат фер антидопинг систем“.
„Прво, во однос на фактите, ова не е случај на допинг. Второ, Кина не се обиде да ја сокрие оваа приказна. И покрај тоа, бројни стручњаци и медиуми ја обвинуваат ВАДА дека ја фаворизира Кина и тоа во недостаток од какви било докази. Денес сум на удар на медиумите од САД. Тоа веројатно укажува дека навистина сме независна организација“, отворено рекол шефот на ВАДА, Битолд Бањка, 39-годишен Полјак кој во 2019-та стана прв човек на ВАДА.