Во едно подолго интервју за Financial Times, Роналдо зборувал за разни теми, а една била и проблемот со дебелината која што ја имаше и како играч и сега како активен функционер.
Рони раскажал како ја преживеал ноќта пред финалето на Светско првенство 2002 година против Германија кога „кариоките“ славеа 2-0. Имал огромна трема и страв да не му се повтори драматичната ситуација пред финалето на Мундијалот 1998 против Бразил кога едвај го спасиле жив после јак напад на епилепсија.
„Финалето во Јокохама (Јапонија) се играше во осум навечер, во исто време како и финалето во Париз. После ручекот, сите отидоа да спијат а јас помислив: ’Не ми се спие сега, ебате’. Гледав наоколу да најдам некој за муабет и го најдов Дида кој беше поспан. Му реков: ’Не, те молам остани со мене’... Не спиев дента, се плашев нешто да не се случи пак... Дида остана со мене цело време.’
Рони зборувал и за неговиот проблем со тежината и дебелеењето. Во еден момент од неговата кариера докторите откриле дека пати од Хипотироидизам којшто го успорува неговиот метаболизам.
Голем дел од светската јавност не знаел за ова и во таква ситуација редовно се правеа шеги за „дебелиот Рони“. Како тој се чувствува поради тоа:
„Гледам многу активисти за многу нешта. Ако си црномурен, ако си геј... А луѓето смеат да го викаат Роналдо дебел? Никогаш не сум слушнал некое движење да ме брани“, се насмеал Роналдо и додал: „Не ми е гајле“.