Роналдо, Меси и Ноер во битка за „Златната топка“

Светската куќа на фудбалот ги објави номинациите за наградите за 2014 година.

По објавената листа на 23 кандидати за најдобар фудбалер на планетата за изминатава година, ФИФА ја скрати листата на тројца. Тоа се актуелниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, рекордерот со четири вакви признанија Лионел Меси и голманот на светскиот шампион Германија, Мануел Ноер.

Во конкуренција за најдобар гол за 2014 година, за наградата „Ференц Пушкаш“ влегуваат:

Стефани Роч (Р.Ирска)

Хамес Родригез (Колумбија)

Робин ван Перси (Холандија)

Останатите категории:

Фудбалерка на годината
Надин Кеслер (Германија)
Марта (Бразил)
Аби Вамбах (САД)

Тренер на годината
Карло Анчелоти (Реал Мадрид)
Јоаким Лев (Германија)
Диего Симеоне (Атлетико Мадрид)

Тренер на годината во женски фудбал
Ралф Келерман (Волфсбург)
Марен Мајнарт (Германија)
Норио Сасаки (Јапонија)

1 декември 2014 - 18:21