Рома продава карти за полуфинале против Ливерпул

Римјаните направија огромна сензација во ЛШ против Барселона и делуваат некако нестрпливи за ждрепката, па сами си го избраа следниот противник кој можеби и го посакуваат.

Рома - Ливерпул, 2 мај, полуфинале во Лига на шампиони е мечот за кој италијанскиот прволигаш им нуди карти на своите навивачи, а ждрепката уште не е почната.
 
Всушност се работи за гаф на луѓето кои го работат официјалниот веб сајт на Рома и кои предвреме го впишаа нивниот противник во топ 4.
Претпоставките се дека само се обиделе да направат проба за продажбата на картите која веројатно ќе започне веднаш по ждрепката закажана за денеска во Нион.
 
Искуцале Рома - Ливерпул, можеби посакуван противник со оглед на тоа што другите две екипи се Баерн и Реал и некој тоа го искористил и во овековечил со скриншот.
 
Ждрепката за ЛШ ќе се влече во 13 часот.
13 април 2018 - 09:45