Германскиот второлигаш Динамо Дрезден ги продаде сите влезници за натпреварот против Инголштад иако на навивачите не им беше дозволено да присуствуваат на тој меч заради нередита на куп натпреварот против Борусија Дортмунд.
Стадионот на Динамо е со капацитет од 32.066 места, а навивачите ги купиле сите карти во знак на солидарност со клубот кој е во лоша финансиска состојба.
Навивачите во голем број се собраа пред стадионот и на видео бимови го проследија натпреварот кој заврши без голови.