РОНАЛД КУМАН (1996-1989)
Иако играше на позиција одбрана и среден ред, Куман на 98 меча постигна 51 гол и освои 3 титули, 2 купа и еден Европки Куп. Потоа продолжи во Барселона и Феенорд. Во ПСВ почна да настапува на 23 години.
ХАНС ВАН БРУКЕЛЕН (1984-1994)
10 сезони, 308 настапи за легендарниот холандскиот голман кој кариерата ја заврши во ПСВ, а сега дел од бордот на директори
МАРК ВАН БОМЕЛ (1999-2005 и 2012-2013)
200 настапи и 52 гола на Ван Бомел кој два пати го носеше дресот на ПСВ каде се пензионираше пред 3 години. Првиот пат го облече дресот како 22 годишен, а потоа на 35.
РУД ВАН НИСТЕЛРОЈ (1998-2001)
Отскочна даска за холандскиот напаѓач беше ПСВ каде почна да игра на 22 години и на 67 меча постигна 62 гола и освои две титули. Кариерата ја продолжи во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Хамбург и Малага.
РОМАРИО (1988-1993)
По Васко де Гама честа во живо да го гледаат пет сезони имаа навивачите на ПС каде направи трансфер на 22 години. Бразилецот освои 3 титули и три купа, потоа се пресели на Камп Ноу и смени уште 7 клубови.
РОНАЛДО (1994-1996)
И вториот легендарен бразилски напаѓач во Европа прв го видоа во Ајндховен каде остави белег од 42 на 46 настапи и тоа на само 18 години. Роналдо се радуваше само во холандскиот куп, но неговата кариера допрва се развиваше во Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијас.
ФИЛИП КОКУ (1995-1998 и 2004-2007)
4 титули и 2 купа за Холанѓанецот кој сега е тренер на ПСВ. Играше на 25 години, а потоа на 24. и постигна 54 гола на 189 средби. Пред да се врати во ПСВ, го носеше дресот на Барселона.
ЈАП СТАМ (1996-1998)
Столбот во одбраната на Холандија одигра 76 меча за ПСВ, постигна 12 гола и освои по една титула и куп. Следуваа трансфери во Манчестер Јунајтед, Лацио, Милан и Ајакс, а во ПСВ почна да игра на 24 години.
РУД ГУЛИТ (1985–1987)
Две сезони, две титули за Холандската легенда која тогаш имаше 23 години, 68 настапи и 46 гола. Следни дестинации му беа Милан, Сампдорија и Челси.
АРИЕН РОБЕН (2002-2004)
Единствениот активен играч од оваа листа кој е член на Баерн Минхен во ПСВ имаше 18 години и на 56 средби постигна 17 голови. Робен како млад играч освои и титула, а потоа играше за Челси и Реал Мадрид.