Периодот од пролетта 1996-та до летото 1997-та беше најгрчевита, лошо темпирана, фрустирачка, контроверзна, а истовремено и една од најславните години во историјата на Барселона.
Потресот настана во мај 96-та со разрешувањето на нивниот “висок свештеник“ на Камп Ноу по име Јохан Кројф. Истиот месец кога Барселона го “украде“ Луис Енрике од нивниот најголем ривал Реал Мадрид.
На местото на Кројф пристигна Боби Робсон од Порто, а претседателот Жозеп Луис Нунез тоа лето му рече:
„Боби, ни треба топ напаѓач, некој кој ќе ги возбудува навивачите и кој ќе постигнува многу голови, знаеш некој таков“?
„Има едно момче во Англија што ми се допаѓа многу. Се вика Алан Ширер. Ќе дава голови од сите позиции. Ставете го заедно со Пеп Гвардиола и Христо Стоичков, тие ќе му делат топки, а тој ќе ја заврши сезоната со сигурни 30 голови. Исто така има и добар карактер“, му одговорил Робсон.
Блекбурн не го продавал својот напаѓач, но Робсон имал и друга идеја.
„Има и еден Бразилец во ПСВ, кој е огромен потенцијал и кој има подобри вештини за дриблинг од Ширер. Го знам клубот, би ни го продале и мислам дека ќе ни го дадат за 10 милиони долари (6,4 милиони фунти)“.
Така со трансферот на Роналдо паднал светски рекорд. Барселона и ПСВ постигнале договор, ама за 13,2 милиони фунти и договор од 8 години. Две недели потоа Блекбурн својот напаѓач кој “не е на продажба“ му го продал на Њукасл за 15 милиони фунти. Се изнервирал и Робсон, но и Фергусон кој го барал во Јунајтед.
Со тие пари кои ги потрошила Барселона за својот херој за една сезона, паднал во вода и оној вербален договор кој Кројф претходно го направил со раководството на Каталонците, а тоа е да се донесе еден голем талент од Бордо по име Зинедин Зидан.
Роналдо во Барселона беше револуција за клубот кој иако од 1992-ра имаше две финале во ЛШ и четвртфинале во Купот на УЕФА, сепак беше екипа во транзиција. Само двајца од стартната постава на Барселона која го освои првиот трофеј во ЛШ 92-ра останаа во тим. Гвардиола и Ферер, а подоцна се приклучи и Стоичков кој направи кам-бек од Парма.
Со неполни 20 години, Роналдо пристигнал веќе како Светски првак со Бразил. Млад, незрел, насмеан, забавен, возвишен и полн со адреналин, никој не очекуваше дека ќе остане само една сезона.
Му се приклучи на еден елитен состав каде играа Луис Енрике, Лорен Блан, Витор Баија, Фернандо Коуто, Џовани и Хуан Антонио Пици. Големи имиња, големи плати, големи трошоци. Период кој бил еден од најзначајните за клубот во поглед на масовниот увоз на таленти.
Дали тој ќе биде типичен плејбој Бразилец како Ромарио кој избегнуваше да се врати на време од одмор или кога е со репрезентација? Или тој е веќе најдобар во свет и нема да постои начин некој да го сопре?
Бројките и успесите од неговата единствена сезона во Барселона и коментарите на дел од играчите сè ќе ви кажат. Постигна 47 гола на 49 меча, освои три трофеи и стана најмлад играч кој беше прогласен за најдобар во светот според ФИФА.
Колегата на Роналдо, Оскар Гарсија кој одигра 69 натпревари и освои 11 трофеи со Барселона за него рече:
„До тој момент, никогаш немав видено некој да игра фудбал со таква техничка способност, креативност, прецизност и брзина. Работите што на другите им беа тешки за правење, него му одеа лесно. Беше цел во мускули и совршен физички примерок. Моќта заедно со неговите технички вештини го правеа незапирлив.
Една од нашите постојани шеги цела сезона беше кога барав од него да успори малку. кога ги прославува головите Беше толку брз што не можев да го стигнам ниту тогаш кога ја правеше онаа типична прослава со широко отворени раце. Му викам кочи малку, кочи за да ме има и мене на слика кога прославуваме гол“
Лорен Блан со кој исто така играше во Барселона:
„Никогаш не сум видел друг играч да постигнува неверојатни голови на секој меч. Се навраќаме на голот на Марадона против Мексико, а со Роналдо тоа се случуваше секој ден.
Цезар Гомез кој во тој период играл за Тенерифе:
„Ако ја добие топката и има простор од еден метар меѓу неговиот чувар, тогаш готов е. Ако му го дозволите тоа тој ќе почне да ги дрибла и другите и во тие моменти е незапирлив“.
Форчун од Манчестер Јунајтед:
„Беше физичко совршенство и беше како митска фигура. Го сакам Лионел Меси, сум играл многу пати против Роналдо и го обожувам, Нејмар е извонреден, Роналдињо беше исклучителен. Но кога сите овие ќе ги ставиш заедно, може да ја добиеш таа сезона на Роналдо, вели Фортун од Ман.Јунајтед“.
„Како дете сакав да бидам Пеле, ги купував сите книги, видеа и учев како може да се стане најдобар. Тргнав на тој пат, но потоа го сретнав Роналдо. Некои играчи се добри технички, други се брзи, трети се силни, четврти се паметни. Роналдо ги имаше сите овие карактеристики. Беше како животно.“
Славиша Јокановиќ од Тенерифе:
„Две работи се целосно вградени во шпанскиот фудбал од таа сезона. Неговиот гол проти Компостела кој е светски познат и со секоја почит кон Кристијано, сите кои таа сезона го гледаа Роналдо или играле против него, понекогаш во шега, понекогаш сериозно, го нарекуваат вистинскиот Роналдо, бидејќи беше првиот“.
И за крај оставивме една изјава од Мурињо од микс зоната, а Мурињо не е Мурињо ако не привлече внимание пред камерите, па макар и во својство на тогашен помошник на Боби Робсон во Барселона и сè уште неафирмирано тренерско име.
„Не можеш да се извлечеш со спиење 89 минути, само затоа што си постигнал еден фантастичен гол“.
Ако ве интересира и една друга приказна на тема Роналдо во Барселона клик тука.