Преубав перформанс на Шалке во борбата за честа на рударите

На 21 декември во Рурскиот басен „Германија“ ќе се затвори и последниот рудник за јаглен во земјата. Најголемиот симбол на рударите - клубот Шалке и навивачите спремија голем перформанс во чест на сите рудари.

Најголемиот клуб во Гелзенкирхен, Шалке се наоѓа во сериозна резултатска криза. Ако лани беа најголемо изненадување во лигата, сезонава со мизерни 15 бода од 16 натпревари се наоѓаат едно место над зоната за испаѓање.

Синоќа Шалке играше со Баер Леверкузен и изгуби 1:2 но ќе се памети преубавата кореографија на навивачите пред мечот.

На стадионот во Гелзенкирхен се беше во знак на рударите кои се препознатлив знак за овој дел од Германија:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Das Steiger-Lied. Ohne Worte. #S04 #S04B04 #Bergbau #Steinkohle #Glückauf #Ruhrgebiet #StolzaufdieKumpel

A post shared by Bild Schalke (@bild_schalke) on

Јаглен во чест на рударите:

Властите на федералната земја Северна Рајн-Вестфалија планираат рудникот за јаглен да го преобразат во гигантски панел кој ќе акумулира сончева и ветрова енергија и ќе може да собира енергија од 200 MBt. Со ова според нив ќе се снабдеваат повеќе од 400.000 домови.

UG Schalke (навивачката група Ултрас Гелзенкирхен) крена прекрасно тифо во чест на рударите:

Со затворањето на последниот рудник од оваков вид во Германија (комплексот Проспер Ханиел), планирано откако владата на чело со Ангела Меркел објави дека ја прекинува политиката на државно субвенционирање од кое рударската област добивала околу 150 милијарди евра како поддршка.

Во Германија јагленот одамна станал неконкурентен и неисплатлив.

Рударите, се разбира, се многу незадоволни затоа што голем дел од нив ќе останат и без работа. Пред неколку месеци во Бергејм имало голем протест и демонстрации на кои учествувале повеќе од 20.000 луѓе. Тие барале заштита на работничките права и задржување на работните места по постепеното затворање на производство на електрична енергија од јаглен.