Новостите на спортските клубови во денешно време обично се следат на Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Инстаграм и секоја од овие социјални мрежи има своја уникатност и бенефит кои носат поголема популарност.
Но во нашата кутра фудбалска лига скоро сите екипи немаат фан шоп на пример, други немаат компјутер и секретарка, трети немаат топла вода за туширање, а да не зборуваме за промотивни кампањи на годишни билети. Освен Вардар прашање е дали има барем уште еден клуб кој продава годишни карти.
Кај нас уште вентили од чешми се крадат од тоалетите на стадионите, се јаде ќотек ако тепаш на гости, а главниот белег на еден фудбалски натпревар е грицкањето семки, од што нели има многу што да се гледа.
Него да се вратиме на темата бидејќи бисери за нашиот фудбал има за извоз, како на пример без весник не оди на стадион, бидејќи задникот или ќе ти биде мокар или со флеки.
Дечките од macedonianfootball се помачиле да истражат колку фудбалски клубови од Македонија имаат официјален веб сајт, од прва до четврта лига. За пофалба се Вардар, Шкендија и Работнички, а големо изненадување е Победа која има сајт само на англиски јазик.
На таа тема мора многу да поработат Шкендија и Шкупи бидејќи кај нив може да се чита само на албански. Вардар и Работнички имаат и македонска и англиска верзија, но англиската верзија на Вардар не е активна.
Кај второлигашите два клуба може да се пофалат со свои сајтови. Целиот текст го имате тука.