Јунските претседателски избори во Реал Мадрид се ближат, а првиот човек на клубот Флорентино Перез не седи со скрстени раце. Шпанските медиуми откриваат дека 65 годишниот политичар и бизнисмен, гласовите планира да ги освои со тројца нови имиња, кои би го засилиле актуелниот шпански шампион.
Перез на „Сантијаго Бернабе" посакува да ги доведе партнерот на Горан Пандев во нападот на Наполи, маестралниот напаѓач Единсон Кавани, шпанскиот репрезентативец Давид Силва кој од Валенсија замина во Манчестер Сити, и можеби моментално најатрактивниот и најдобриот бек во Европа, Герет Бејл од Тотенхем.
Дел од новиот проект на Флорентино Перез најверојатно нема да биде Жозе Мурињо, кој најави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Мадрид.
Овој план за задржување на претседателската фотеља на Перез не е воопшто невозможна, ако се погледне минатото во кое донесе голем број на ѕвезди. Во првиот негов престол во Мадрид кој траеше од 2000 до 2006 година дел од ѕвездите кои ги донесе беа Луис Фиго, Зинедин Зидан, Роналдо, Дејвид Бекам, Серхио Рамос и Клод Макелеле.
Откако во јуни 2009 година по втор пат беше избран за прв човек на Кралскиот клуб, Перез го донезе вториот бран на светски фудбалски имиња како Кристијано Роналдо, Кака, Карим Бензема, Лука Модриќ, Чави Алонсо и Месут Озил.
Третата постава на играчи со големо нетрпение ја очекуваат фановите на Реал, а неодамна во медиумите се шпекулираше дека машината за голови од Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао веќе имал предоговор со големиот градски ривал.