Патешествието на 16 годишниот Суарез во Барселона

На уругвајскиот напаѓач одлично му тргна во првата сезона во Барселона, а таа го потсетува и на една случка од детството кога пристигнал збунет и изгубен во шпанскиот град, каде никој не го познавал и не знаел ниту каде да оди.

Суарез и неговата девојка Софија се запознале во Монтевидео кога тој имал 15, а таа 13 години. Откако Софија со нејзините родители се преселила во Барселона, тој и ветил дека кога ќе стане професионален фудбалер ќе замине во Европа за повторно да бидат заедно.

За да не ја загуби љубовта не чекал да му тргне во кариерата за да го исполни ветувањето, туку со позајмени пари тргнал за Барселона каде потоа бил испрашуван во полиција.

„Сакав да заминам за Барселона, но немав пари па брат ми позајми 70 долари. Тоа беше долг лет, таму се изгубив и ме однесоа во полиција. Имав 16 години и немав никаква адреса, немав ништо. Носев бела маица, а носот ми крвавеше. Софија ме чекаше на аеродром, но ми требаа 2 часа да излезам за да се најдеме. Не знам зошто ме испрашуваа толку. Ми рекоа дека тоа го прават бидејќи не знам каде треба да одам. Од авион гледав планини и плажи и реков дека ќе одам да ги посетам. Ми го отворија ранецот и ми најдоа писмо од Софија на која ги пишуваше нејзиниот телефон и адреса. Бев пресреќен. Софија ме бараше секаде низ аеродромот по сите терминали, а јас потоа се појавив со бела раскрвавена маица“, раскажува Суарез.

Ризикот му се исплатеше. 28 годишниот репрезентативец на Уругвај сега ужива во неговиот втор престој во Барселона, со статус на светска фудбалска ѕвезда, Софија и две деца.

17 април 2015 - 10:54