Пандев објави емотивна порака и видео

Најдобриот во историјата на македонскиот фудбал во интервју за реномираната Газета дело спорт, како што и доликува, објави крај на фантастично богатата кариера во која се изнаигра фудбал и се изнадава голови за многу големи клубови. Гоче кажа дека сака да помине повеќе време со сопругата и децата за кои немал доволно време во текот на играчката кариера.

Погледнувам назад и сè уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа во ова патување... Им благодарам на моето семејство, сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софија кои ми беа најголемата поддршка.

Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозможија да го остварам мојот сон... Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас ќе не можев да го направам сето ова... Им благодарам на сите тренери, претседатели и директори за нивната доверба и за се што научив од нив. Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен, сакам сите да ве гушнам... Завршува едно прекрасно поглавје. Во мене носам големо богатство на емоции и среќен сум што го споделив со вас... Со цело мое срце... Горан.

Каде ќе живее Пандев, какви планови има со Академија Пандев и што би работел?

 

22 септември 2022 - 17:44