Во новиот драматичен мундијалски ден во Катар на Гана и беше потребен само бод против Уругвај за пласман во нокаут фаза, но Уругвај ја победи 2:0 и со првиот триумф беше готова да го слави пласманот. Стрелец на двата гола беше Араскаета.
Јужна Кореја беше пред речиси невозможна мисија, но на ова Светско нема ништо невозможно и успеа со пресврт и победа од 2:1 да ја урне Португалија и да слави осминафинале.
Уругвај и Јужна Кореја завршија со по 4 бода и со идентична гол разлика (0). Но Корејците имаат дадено 4 гола, а Уругвај 2 и поради тој параметар се втори.
Јуначкиот гол за победа во судиското продолжение го постигна Хванг-Хе Чан на асистенција на Сон, откако претходно во 27-ма минута израмни Кин Јонг Гвон.
Португалија која веќе ја имаше обезбедно првата позиција, на овој натпревар играше со комбиниран состав. Голот на Португалците го постигна Хорта во 5 минута.
ЈУЖНА КОРЕЈА - ПОРТУГАЛИЈА 2:1
LUIS SUAREZ AFTER SEEING THAT SOUTH KOREA SCORED!
— ESPN FC (@ESPNFC) December 2, 2022
AS IT STANDS, URUGUAY ARE ELIMINATED. pic.twitter.com/rRvkP5CGTr
ГАНА - УРУГВАЈ 0:2
ТАБЕЛА
1. Португалија 6
2. Јужна Кореа 4
3. Уругвај 4
4. Гана 3
Јужна Кореја во осминафинале оди на Бразил, а Португалија ќе игра со Србија или Швајцарија или па можеби Камерун.