Незаборавна фешта во Неапол, Елмас во елемент со легендарниот економ на Наполи

По ремито во Удине, шампионите се прибраа дома и ја пречекаа Фиорентина. На стадионот Диего Марадона имаше спектакл кој ќе се памети. Играчите ги најавуваа еден по еден, а шоуто го украде популарниот економ и специјалист за наполитанско кафе, Томи Стараче.

Томи е клупска легенда кој ги прослави сите три Скудета како економ на клубот. Од 1986-та секој ден станува во 6 часот за да стигне до тренинг базата која му е 85 км од дома.

Нема играч кој не го сака и обожува и на кој не му го вари традиционалното наполитанско каде. Ги служи и тренерите и цел стручен штаб, а понекогаш знае да ги изненади и гостите.

Инаку на вчерашниот меч, фудбалерите на Фиорентина кои загубија 1:0 ги пречекаа новите прваци на Италија со шпалир, а секој играч при влезот на терен беше најавуван посебно.

Наполитанците грмеа после секое читањето на спикерот, а гласни беа и за Елиф Елмас кој ќе остане запечатен во историјата на клубот кој го слави третото Скудето после првите две со Марадона. 

 

8 мај 2023 - 08:22