За време на пеколните горештини и летните подготовки, Илија Несторовски кој сè уште е надвор од фудбалските терени, ги изненади дечињата кои се дел од школата на Удинезе.
За време на неговото интервју истрча едно дете кое Нестор го претстави дека е Македонец. Се работи за Александар Стоимилов кој тренира во Удинезе и кој рече дека сите се возбудени што во посета го имаат напаѓачот на сениорите
„Кога ги гледам како играат и се забавуваат, сакам и јас да се вратам на нивните години. Убаво е да се гледаат и тоа со насмевки на овие температури“.
Репортерот го праша Александар дали го предизвикале Несторовски да се пробаат на пенали, а тој им вети дека тоа ќе го направат тоа кога ќе се опорави целосно од повредата поради која го пропушти Европското.