Нејмар за караниците и тепачката со Мбапе во ПСЖ

Во емисија кај Ромарио во Бразил, некогашниот играч на Сантос, Барселона, ПСЖ и сега саудиски Ал Хилал, Нејмар раскажува за времето поминато во Париз. За Мбапе вели:

Epa Images

„Јас и Мбапе? Имав мали проблеми со него. Имавме мала тепачка, но на почеток тој беше фундаментален. Доаѓаше кај мене дома, вечеравме заедно... Но кога Меси дојде, (Мбапе) стана љубоморен, не сакаше да дели ништо со никој и тогаш започнаа караниците. Каде тргна на лошо работата во ПСЖ? Его. Егото беше проблем. Добро е да имаш его, да мислиш дека си најдобар, но мораш да сфатиш дека не играш сам“.

17 јануари 2025 - 09:33