Шпанскиот напаѓач во 83 минута ја смрзна Џузепе Меаца за конечни 1:2, а за време на големата радост за момент му ставија цвикери на очите кои излезе дека биле на навивач на Интер.
Сопственик е 27 годишниот Симоне кој живее во Карара и за секој меч на Интер патува по 250 км во еден правец до Милано, за да го гледа својот омилен тим во живо.
„Многу бев лут за голот, затоа што Јуве направи пресврт и тоа сосема случајно по грешка на Хандановиќ. Мората славеше под нашата трибина, јас носев очила, но збеснав од нервоза и тие ми паднале на терен. Кога видов дека Бонучи ги зема и му ги дава на Мората им викнав да ми ги вратат, но не ме слушнаа. Потоа ги фрлија и кој знае каде завршија, не ги видов повеќе“, изјави навивачот.
На Симоне не му е многу криво што ги нема повеќе очилата бидејќи ги купил за 2 евра, но вели дека најмногу ќе му било ќеиф ако ги пробал некој играч на Интер.