Наскоро во Париз може ќе има големо „дерби на 20 метри“

Во Париз покрај ПСЖ има уште еден фудбалски клуб Париз. Во моментов е втор во втора лига со 43 бода и со одлични шанси на крајот од сезоната да обезбеди пласман во најдобрата француска Лига 1. Управуван е од милијардери, поддршка имаат и од Ред Бул а потпишаа договор за користење на стадион на неколку метри од култниот „Парк на принцовите“ на ПСЖ.

ФК Париз е клуб предводен од семејството Арно кое важи за едно од најбогатите на светот чие богатство се проценува на неколку милијарди евра.

Притоа гигантот Ред Бул има учество од 15% во акциите на клубот, така што се очекува еден многу сериозен проект чија основна цел е да се стигне до Лига на шампиони еден ден.

ФК Париз веќе подолго време игра на стадионот „Стад Себастијан Шарлети“ чија главна и основна намена е атлетски стадион со голема атлетска патека. Токму оваа атлетска патека на големо ги раздвојува трибините со теренот па при последното доаѓање Јирген Клоп како извршен директор по фудбал на Ред Бул во посета на Париз, го потенцирал токму тоа.

Овој стадион „Себастијан Шарлети“ има капацитет од 20.000 но никогаш нема добра атмосфера затоа што трибините се многу далеку од теренот и самите играчи.

Клоп во јануари го следел натпреварот меѓу Париз и Амиен на сегашниот стадион на Париз, „Стад Шарлети“ и рекол: „Стадионов е стадион на кој не можеш да создадеш атмосфера. Помина многу време од кога гледав фудбал од толку далеку и подобро да бев пред телевизор. Ќе треба да се преселат (ФК Париз) ако сакаат атмосфера“.

Овие зборови на некогашниот европски шампион со Ливерпул биле поттик и инспирација за управата која веднаш се фатила за работа. И сега го капарисала, потпишала договор за користење на еден друг стадион, стадионот „Стад Жан Буен“ на кој се игра рагби и кој е верувале или не е на само неколку метри (една улица ги дели) од култниот стадион на ПСЖ „Парк на принцовите“.

Семејството милијардери Арно, заедно со Ред Бул договориле екипата ФК Париз да игра на „Стад Жан Буен“ од септември годинава па се до 2029-та. Стадионот е во западен Париз, има капацитет од 20.000 гледачи

14 февруари 2025 - 10:56