Наполи доби четири шамари дома од Фрозиноне за историски срам

Историски дебакл доживеа шампионот на Италија откако синоќа во осминафинале на Купот на нивен стадион Фрозиноне ги растури со 0-4. Тренерот Валтер Мацари им се извинуваше на навивачите кои се револтирани од тоа како се движи сезоната.

Наполи низ својата долга историја има убедливи победи, од оние од 1920-те и 1930-те години кога се играл полу-професионален фудбал, но исто има и историски тешки порази.

Не е дека првпат „партенопеи“ губат со 0-4, но првпат како шампион на Италија добија ваков шамар и тоа пред своја публика, како учесник во осминафинале на Лига на шампиони. 

Фрозиноне доаѓа од истоимениот град кој се наоѓа во реонот Лацио, на 75 километри од Рим. Овој град според последниот попис во август 2021-ва година има 44.087 жители а фудбалскиот клуб е еден од најстарите во Италија.

Победата од 0-4 над Наполи синоќа донела огромна радост меѓу жителите на овој град, навивачите на Фрозиноне ги пречекале своите јунаци на враќање дома. 

Екипата предводена од Ди Франческо кој во минатото беше тренер и на Рома, не само што го надигра Наполи во секој аспект од играта, туку од 65-та минута па до крајот му даде четири гола за историски дебакл.

Стрелци во неверојатниот триумф на Фрозиноне беа Енцо Баренечеа кој во 65’ минута постигна прекрасен гол, а само пет минути подоцна во 70’ минута Џузепе Казо зголеми на 0-2.

Во судиското продолжение, во 90+1’ минута Валид Кедира донесе 0-3 од пенал а Во 90+5 Абду Харуи ги постави конечните и сензационални 0-5.

Наполи низ историјата доживеал многу тешки порази и дома и на гости, а последниот вака убедлив во Куп на Италија го претрпел од Лацио во далечната 1958-ма:

Наполи на овој меч играше речиси со цел променет состав, а втората постава на шампионот покажа дека не е дорасната да го носи дресот на Наполи. Но сите четири гола Наполи ги прими откако во игра влегоа првотимците Осимен, Кварацкхелија, Политано, Ди Лоренцо и Лоботка.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не беше ниту на клупа за резерви поради повреда а во меѓувреме стигна вест дека Елмас постигнал договор за трансфер во германски РБ Лајцпиг во јануари.

Наполи го претрпе и четвртиот пораз на седумте последни натпревари а тренерот Валтер Мацари им се извинил на навивачите за срамниот пораз.

Италијанските медиуми, во прв ред Газета Дело Спорт го критикуваат претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис за кого велат дека е највиновен за лошите резултати поради тоа што ги игнорирал советите за одбрани засилувања од спортскиот сектор и дека сам носел одлука кои играчи да се доведат како засилувања.

Токму тие негови „одлуки“ синоќа претрпеа историски пораз.

20 декември 2023 - 10:08