
Аталанта минатата недела изгуби 2:1 од Клуб Бриж после спорен пенал пред самиот крај од мечот. Пеналот навистина беше непостоечки и белгискиот шампион победи.
Синоќа во Бергамо Белгијците поведоа уште во 3' минута кога Феран Жуджла асистираше а младиот 19-годишен Белгиец со мароканско потекло Шемсдина Талби го отвори резултатот 0-1.
Аталанта напаѓаше во одговор ама не искористи ниту една шанса. Матео Ретеги даде гол од офсајд кој му беше поништен, а Едерсон не искористи шанса еден-на-еден.
Во 27-ма минута Клуб Бриж даде нов гол и пак беше дело на 19-годишниот Талби кој ги постигна своите први голови во Лига на шампиони.
Во тој момент Бриж имаше вкупен резулта 1-4, а до крајот на првиот дел шпанскиот центарфор Жуджла повтроно постигна гол и ја круниса асистенцијата за првиот погодок.
Во вториот на Адемола Лукман му поништија гол поради офсајд а потоа во 61-ва минута промаши пенал односно му го одбрани голманот Симон Мињоле. Тука беше крајот на сите надежи за Аталанта а на крајот натпреварот заврши 1-3 и Клуб Бриж со вкупни 5-2 оди понатаму.
НЕОБИЧЕН ТРЕНЕР КОЈ ВЕЛИ ДЕКА РАЗГОВАРА СО ПОЧИНАТАТА МАЈКA
Минатата година, на 18-ти март 2024-та Клуб Бриж реши да го отпушти тренерот Рони Делиа и на негово место за в.д. тренер привремено го постави Ники Хајен кој до тогаш го водел младинскиот тим.
Тој има чуден ритуал за кој отворено раскажал на прес-конференција пред реваншот со Аталанта.
„Пред мечот секогаш разговарам со мајка ми која почина пред четири години, многу рано. Минатата година (пред плејофот за титула во Белгија) и кажав дека сакам да направиме нешто лудо и на крај ја освоивме титулата. Дали се сметам за голем верник? Не, но чувствувам дека има нешто во тоа. Морам да верувам дека има“, признал белгискиот тренер.
Под негово водство екипата блеснала. И покрај тоа што во еден момент пред неговото доаѓање Клуб Бриж заостанувал 19 бода во домашното првенство, со Ники Хајен на клупата на 10 меча по ред немале пораз (7 победи и 3 нерешени) и во последното коло ја освоиле шампионската титула по ремито 0:0 со Серклс Бриж.
Директниот конкурент за титулата Јунион Берлин сам ја изгубил титулата со две нерешени и четири порази во финишот од првенството.
Клуб Брижж пред стартот на Лига на шампиони беше меѓу осумте клубови со најниска веројатност да стигнат до титулата, 0,4% а мали им беа и шансите воопшто да поминат до баражот односно да бидат меѓу првите 24 тима.
НЕОБИЧЕН ТРЕНЕР КОЈ ВЕЛИ ДЕКА РАЗГОВАРА СО ПОЧИНАТАТА МАЈКА
Минатата година, на 18-ти март 2024-та Клуб Бриж реши да го отпушти тренерот Рони Делиа и на негово место за в.д. тренер привремено го постави Ники Хајен кој до тогаш го водел младинскиот тим.
Тој има чуден ритуал за кој отворено раскажал на прес-конференција пред реваншот со Аталанта.
„Пред мечот секогаш разговарам со мајка ми која почина пред четири години, многу рано. Минатата година (пред плејофот за титула во Белгија) и кажав дека сакам да направиме нешто лудо и на крај ја освоивме титулата. Дали се сметам за голем верник? Не, но чувствувам дека има нешто во тоа. Морам да верувам дека има“, признал белгискиот тренер.
Под негово водство екипата блеснала. И покрај тоа што во еден момент пред неговото доаѓање Клуб Бриж заостанувал 19 бода во домашното првенство, со Ники Хајен на клупата на 10 меча по ред немале пораз (7 победи и 3 нерешени) и во последното коло ја освоиле шампионската титула по ремито 0:0 со Серклс Бриж.
Директниот конкурент за титулата Јунион Берлин сам ја изгубил титулата со две нерешени и четири порази во финишот од првенството.
Клуб Бриж пред стартот на Лига на шампиони беше меѓу осумте клубови со најниска веројатност да стигнат до титулата, 0,4% а мали им беа и шансите воопшто да поминат до баражот односно да бидат меѓу првите 24 тима.
КОИ СЕ ЈУНАЦИ НА КЛУБ БРИЖ?
Тројцата херои на белгискиот шампион кои ја однесоа екипата во осминафинале се: поранешниот голман на Ливерпул Симон Мињоле, 19-годишниот фудбалер од среден ред Шамсдин Талби и некогашното дете на Барселона Феран Жуджла. Мињоле му одбрани пенал на Лукман, а Талби и Жуджла постигнаа дури четири од пет гола против Аталанта и имаа по една асистенција!
Симон Мињоле
Има 36 години. После шест сезони во Ливерпул, веќе е шеста сезона на голот на Бриж. За тоа време стана четирикратен шампион на Белгија. Периодично бранеше за репрезентацијата на Белгија а од 2014-та до 2024-та беше на сите големи натпреварувања со својот национален тим.
Феран Жуджла
Играше за вториот тим на Еспањол и за вториот тим на Барселона. Во првиот тим на Барса одигра неколку натпревари а има и гол против Елче. Клуб Бриж го купи за пет милиони евра. На последните 2,5 сезони во сино-црниот дрес Феран Жуджла има 33 гола во сите натпреварувања.
Шемсдине Талби
На 19 години ги одигра 9/10 натпревари на Клуб Бриж во Лига на шампиони, не го ставиле само на мечот против Штурм Грац. До дуелот со Аталанта младиот офанзивен фудбалер немал ниту еден гол ни асистенција но во баражот против Италијанците постигна 2 гола и имаше 1 асистенци. Талби игра за младинската репрезентација на Белгија, има марокански корени што значи дека еден ден би можел да бира дали ќе игра за Белгија каде е роден или за Мароко од каде му се родителите.
Ханс Ванакен, ветеранот кој наскоро ќе стигне до неверојатната бројка од 500 натпревари за Клуб Бриж. Капитен на тимот кој е на петто место по бројот на настапи во историјата на белгиксиот клуб. Тој е шесткратен шампион на Белгија, има играно на Европско првенство (1 настап) и беше во составот за Светско првенство. Сезонава е лидер по бројот на асистенции во белгиската лига.
Густаф Нилсон, заработи пенал во 90+4' минута од првиот меч со Аталанта и самиот го реализираше за победа од 2-1. Минатото лето дошол од најголемиот конкурент Јунион Ројал за 6,4 милиони евра.
Христос Цолис - Гркот е уште една приметна фигура во нападот на Клуб Бриж. Има 8 гола и 5 асистенции во белгиското првенство. На реваншот со Аталанта имаше асистенција за гол и над него беше направен пенал. Има само 23 години а белгиската лига му е шеста во кариерата после Премиер лига, Чемпионшип, Грција, Холандија и втора германска Бундеслига.
Брандон Мехеле - заедно со Мињоле е единствен кој не пропуштил ниту една минута сезонава. Ниту во првенство ниту во Лига на шампиони. Стоперот има 475 натпревари за Клуб Бриж и е седми во историјата на клубот по број на настапи.
Максим Де Кејпер - во изминатите две сезони имаше 12 гола и 17 асистенции во белгиската лига.