Дваесет и пет годишниот камерунски фудбалер Жан Онана е нов член на италијанска Џенова која од клупата ја води легендарниот Патрик Виера. Онана има веќе 10 настапи за Камерун а доаѓа од Бешикташ. Претходно во кариерата играше за Олимпик Марсеј и Ленс. Маркетинг тимот на Џенова важи за еден од појаките во европските лиги. Гледајте како го претставија: