Нацистички поздрав на младинецот на Вердер Бремен

И покрај тоа што неговиот соиграч реагираше и му ја спушти раката, Маик Луковиц се соочува со драстична казна од германскиот фудбалски сојуз.

Играчот од средниот ред на младинците на Вердер од Бремен, Маик Луковиц (19) комотно ќе може да заборави на фудбалот на подолг период, а за тоа е самиот виновен.

При прославата на голот против младинците на Либек, Пољакот Маик Луковиц како да подзаборави дека не се наоѓа пред зграда и дека игра официјален натпревар за младинскиот тим на Бундеслигашот. Со оглед на тоа што хитлеровскиот поздрав не им избега на камерите, Луковиц се правдал дека немал никаква лоша намера.

Во еден момент при прославата, неговиот соиграч му ја спушти раката, но веќе беше доцна.

„Навистина тргнав да го прославам голот и не размислував дека со тој гест ќе направам нешто лошо. Немам никаква намера да величам некаква идеологија и се надевам дека нема да ме казнат“, изјавил Луковиц за германските медиуми.

1 октомври 2014 - 09:49