Моментот со Гави кој го воодушеви тренерот Флик

Барселона во неделата вечер со 7-1 ја растури Валенсија и и нанесе тежок историски пораз во Ла Лига. При водство од 6-1 тренерот на Барса Ханси Флик реши да направи неколку измени и да ги одмори главните играчи. Од клупата за резерви го повика младиот Гави кој скоро се врати од повреда. Но детето на Барса побарал од Ханси Флик да му даде шанса на помладиот Пабло Торе кој не заиграл уште од ноември месец.

28 јануари 2025 - 12:32