Младите ѕвезди на ПСВ Ајндховен го реметеа Ливерпул како никој

Ливерпул одамна обезбеди пласман во следната фаза на Лига на шампиони односно беше прв тим кој го осигура билетот за таму. Од таа причина гостувањето во Холандија кај ПСВ во последното коло им беше екскурзија. Арне Слот извади тим со млади деца засилен со Енди Робертсон, Коди Гакпо, Цимикас и Кјеза. Ама и младите деца на ПСВ имаа што да покажат па на крај славеа 3:2.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Тренерот на ПСВ Ајндховен Питер Бош после натпреварот бил лут на своите играчи зошто така постапиле на крајот и дека тоа е непочит кон ривалот да играш со пети, со дриблинзи, со ролинзи:

И покрај поразот, Ливерпул на крај ја завршува првата фаза од Лига на шампиони со дури 7 победи и е прв со 21 бод. ПСВ Ајндховен ќе игра во баражот а ривалот ќе го дознае на ждрепката во петок.

30 јануари 2025 - 09:25