
Здравко Мамиќ денес во среда одржал прес-конференција во Мостар откако по него и неговиот брат, судот во Хрватска го осуди и неговиот син Марио Мамиќ за разни финансиски малверзации. Марио е осуден на година и четири месеци а на издржување на казната ќе биде повикан на 10. март.
„Причината за ова мое обраќање е моето второ судење во Осијек, но ќе збориме за се. Кој е Здравко Мамиќ? Се распадна Југославија, се играше првото хрватско првенство. Се играше само во четири града зошто Хрватска во војна беше пресечена на пола. Динамо во првата сезона заврши на срамното петто место, а срамно го изгуби и финалето на Купот“, почнал Здравко Мамиќ денес пред новинарите во БиХ.
ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ДИНАМО ЗАГРЕБ
„Една ноќ таа година седев со мојот кум, покојниот Ќиро Блажевиќ во еден загрепски хотел. Ни пријдоа двајца полицајци и ни рекоа дека мора да одиме кај претседателот Туѓман. Тој му нареди на Ќиро да го приватизира Динамо.
Излеговме од кај претседателот а Ќиро ме прашува: „Сине, што е тоа приватизација? Јас му реков да не се секира, дека јас знам се за тоа зошто раководев со приватизација на дрвна индустрија.
Туривме пари и Динамо веднаш стана шампион. Сопственици на Динамо бевме јас, Ќиро и компанијата Монтмонтажа“.
ЗА ФРАЊО
„Секој ден бев во друштво со претседателот Туѓман од 1992. до 1995. година во тенискиот клуб Винка Хотка. Претседателот тамо секој ден играше преферанс и тенис. Претседателот Туѓман го сакаше Динамо повеќе од очите. Силно патеше и сакаше и сонуваше само Динамо да одигра некоја пријателска со некој европски клуб.
Јас му реков дека ќе го донесам клубот кај што игра брат ми Зоран. И го доведов Бохум, најстариот бундеслигаш. Тој беше толку среќен што веројатно ќе ми ја дадеше пола Хрватска да му ја побарав. Зошто го зборувам ова - зошто не се согласувам со фалсификувања.
ЗА ДИНАМО
„Динамо сезонава од Европа и УЕФА доби 44 милиони евра. Хрватска во заедничкиот пул даде 50.000 евра. Пазете ја таа разлика, пред 30 години си молел некој од Европа да игра пријателска, а сега Динамо за победа над Милан во Лига на шампиони заработува 2,2 милиони евра и на чекор е од тоа директно да оди во Лига на шампиони.
Јас бев апсолутен шеф на Динамо. Ако е тоа вистина, а е встина, јас сам носев храбри одлуки, зошто тогаш сега не ми признаете што направив за хрватскиот спорт и држава туку секој ден ме масакрирате мене и моето семејство?
Не постои денес ниту еден жител на светот да не знае за Хрватска. Ние сме единствена држава на Земјата која во три спорта на светски првенства е меѓу трите на свет“.
ЗА ПРОЦЕСОТ
„Цел на шефот на УСКОК е мене и Бандиќ да не стрпа во затвор. Бандиќ имаше среќа па е на вечен починок. А јас сум уште тука. Едуардо (Бразилецот Да Силва кој од Динамо направи трансфер во Арсенал) дава исказ и јас отворам портали, еден портал ќе објави нешто грозно зошто го цитирале Едуардо како после неговата смрт според договорот сиот негов имот ми припаѓа мене и гледам сите го пренесуваат тој наслов?!“
„Вие медиумите не пишувате вистина зошто од мене и моето семејство направивте монструми. А Динамо на мапа го немаше додека ме немаше мене. Адвокати на играчите на 1. јули 2002 поднесуваат барање за стечај на Динамо. Бараат привремена мерка блокирање сметка. Тоа не е моја претстава, туку Динамо е готов. Се продолжува стечајната постапка. Динамо се гаси како „дд“, здружението на граѓани беше чисто. Кога овие направија блокада, ние продолживме да работиме. Јас отворам сметка додека се не се реши. Ако Динамо некому беше должен 300, јас му нудам 50.000. Подобро било што отколку ништо. И потпишуваме. Наместо да ме гледаат како спасител, за мене да се пишуваат книги и да ме водат на факултети, јас сум криминалец.
Јас на Динамо му дадов најмалку 50 милиони евра во кеш за да ги реши долговите. Имам документи за само неколку милиони“, вели Мамиќ кој повторил на крајот од опширното излагање дека се му е наместено. Дека на шест ипол години затвор е осуден и покрај 93 свеодци и „амнестија“ на Лука Модриќ и Дејан Ловрен.