Манчестер Сити на неколку часа пред крајот на зимскиот преоден рок доведе уште еден фудбалер. За 60 милиони евра од Порто го купи Нико Гонзалес, фудбалер од среден ред кој ќе треба да го замени подолго отсутниот Родри.
Претходно, пред само неколку дена, Манчестер Сити потпиша договор и со египетскиот напаѓач Омар Мармуш кого го платија 70 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт.
На „Етихад“ пристигна и младиот 20-годишен стопер од Узбекистан, Абдукодир Хусанов кој играше во Ленс кој заработи 40 милиони евра за големиот талент. Сити потпиша договор и со Бразилецот Витор Реис кој игра исто стопер и кој дојде од бразилски Палмеирас за 36 милиони евра.
Од Ваљадолид дојде млад африкански стопер, 18-годишниот Џума Ба кој со помош на агентот (секако и на Сити) ја платил откупната клаузула од својот договор во вредност од 8,5 милиони евра и како слободен играч дошол во Манчестер Сити. „Граѓаните“ веднаш го проследија на позајмица во Ленс до крајот на сезоната.
Нико Гонзалес е дете на Барселона, потекнува од познатата школа „Ла Масија“, но никогаш не добил шанса во првиот тим на Барселона. Го пратија на позајмица во Валенсија каде блесна но „лилјаците“ немаа доволно средства да му го откупат договроот.
🚨 Manchester City have now spent over €218M in the January transfer window:
— ɴɪᴊɪɴ ᴊᴏʜɴʏ (@johnynijin) February 3, 2025
🇪🇬 Omar Marmoush: €75M
🇪🇸 Nico Gonzalez: €60M (Done)
🇺🇿 Abdukodir Khusanov: €40M
🇧🇷 Vitor Reis: €37M
🇸🇱 Juma Bah: €6M (Joins on June 25)
Порто во летото 2023-та го доведе Нико Гонзалес во трансфер вреден 8,4 милиони евра а сега го продаде за 60 милиони евра!
Нико Гонзалес стана еден од главните играчи на „змејовите“ особено под водство на тренерот Серџо Консеисао кој веќе неколку недели е на клупата на Милан откако се раздели со тимот од „Драгао“.
Барселона од трансферот на Нико Гонзалес ќе заработи огромен процент, односно околу 13 милиони евра од овој астрономски скап трансфер.
Нико е поливалентен, универзален играч од средниот ред и може да покрива повеќе позиции. Најдобро се снаоѓа во улогата на медијатор меѓу средниот ред и нападот.
Договорот со Сити ќе му важи до 2029-та година.
Манчестер Сити во зимскиот преоден рок потроши неверојатни 206 милиони евра што е во целосна контрадикција со таканаречениот финансиски фер-плеј кој УЕФА и англиската ФА на сите ѕвона го нагласуваат.