Крадци на фудбалско лого

Или немаат вработено дизајнер или не сакаат да платат да им го направи друг, трето нема. Или па можеби дизајнерот е copy - paste во душа, од кај да знаеме. Како и да е ова е апла грабеж, кој не можеш да го сокриеш, освен ако не играш во балон и не се промовираш на интернет.

Во најновата епизода на крадење лого жив го фатија Јувентус Букурешт кој реши да го ископира логото на најтрофејниот италијански клуб.

Што е уште посмешно, романскиот клуб сезонава е прволигаш, ама со оглед на тоа што има само една победа по 20 кола и се однесува аматерски, за кусо време ќе се врати во второлигашка конкуренција.

Јувентус Букурешт ќе мора да го смени и името и грбот, бидејќи Старата Дама им се закани со тужба, а според најавите тие решиле од сега да се викаат Колентина.

Креативните тролачи веќе им го направија и новото лого, ама повторно во лоповска верзија копирајќи го новото лого на Јуве.

Во контекст на тоа, им ја најдоа и официјалната спортска опрема.

Од другите украдени логоа за издвојување се:

Спортинг Клуб де Гоа (Индија) vs Спортинг Лисабон. (Газдата навивал за португалскиот тим)


Орландо Пирајтс (Јужна Африка) vs Орландо Пирајтс (Намибија)

Евертон vs Ал Хилал (Судан)

Интер vs Шамбли (Франција)

Спортинг vs Лудогорец

Барселона vs Форест Грин Роверс

6 декември 2017 - 16:03