УЕФА соопшти дека германската полиција ги привела сите три лица кои упаднале на терен после победата на Шпанија од 2:1 против Франција и им напишала пријави.
Меѓу нив беше и еден несовесен гледач кој предизвика многу сериозен инцидент во кој човек од шпанското обезбедување се судри со 31-годишниот капитен на Шпанија Алваро Мората.
Центарфорот на Атлетико Мадрид кој летово веројатно ќе премине во Милан, потврдил дека е добар, здрав и дека сигурно ќе игра во финалето против Англија во недела. Се стравуваше дека Алваро доживеал незгодна повреда при епизодата со гледачот и редарот.