Колку пива заслужува царов од Мајорка?

По пауза од 21 година, Мајорка е финалист во Копа деј Реј, откако синоќа го елиминираше Реал Сосиедад на пенали. Регуларниот дел од мечот заврши 1:1, а на стартот од првото продолжение на голот на Мајорка се појави ѕид по име Саму Коста. Не еднаш, туку два пати во иста акција спаси чист гол. Прво ја извади со нога, а вториот пат е нешто што не се опишува. Дури и на ВАР го проверувале и утврдиле дека не е гол.

28 февруари 2024 - 10:01