Веа е откритие на Венгер, кој бил во Африка да го гледа, а потоа во 1988-ма го донел во Монако за 12.000 фунти. Една година подоцна бил прогласен за африкански фудбалер на годината, награда која ја однел дома за да ја прослави со цела земја.
За четири сезони во Монако, либерискиот напаѓач постигнал 66 гола и освоил Куп на Франција, а стигнал и до финалето на Купот на победниците на куповите.
Потоа блескаше и во дресовите на ПСЖ и Милан. Со ПСЖ за три сезони освои четири трофеи и постигна 55 гола.
Врвот на славата и формата ги достигна во Милан, каде освои две Скудета и постигна 58 гола во периодот 1995-2000. На почеток тренер му беше Капело, а во напад играше со Роберто Баџо и од позадина Дејан Савичевиќ.

Во 1995-та ја освои Златната топка, а истата година ја доби и наградата на ФИФА за играч на годината. Сè уште е единствен африкански фудбалер на кој му успеало тоа.
Веа не може да го заборави тоа што Венгер го направи за него. Благодарноста ја искажа на церемонијата на доделувањето на Златната топка, во таа историска година за него, неговата земја и африканскиот фудбал.
„Венгер ме однесе во Европа, ме третираше како син и ме научи дека црнците и белците можат да живеат заедно“.
Легендарниот напаѓач, потоа во својство на Претседател на Либија, функција на која беше во периодот (2018-2024), Арсен Венгер го одликуваше со Орден.

