Арсенал има одличен старт во Премиер лигата и е лидер на табела со 6 победи и само 1 пораз. Во 7. коло славеа убедливо на гости против Брентфорд со 0:3, а Артера тоа го искористи на крајот од мечот да му даде шанса на дете кое влезе во игра од школска клупа.
Се работи за Итан Нванери кој со 15 години и 181 ден стана најмлад фудбалер во историјата на Арсенал, а воедно и Премиер лигата.
Тој го урна рекордот на тинејџер од Ливерпул, Харви Елиот кој дебитираше во Премиер лигата на 16 години и 30 дена. Најмлад играч пак кој претходно заиграл за Арсенал беше Сеск Фабрегас со 16 години, 5 месеци и 24 дена.
15 - Aged 15 years and 181 days, Ethan Nwaneri (born 2007) is the first player under the age of 16 ever to play in the Premier League. He surpasses Harvey Elliott (16y 30d) as the competition's youngest ever player. Fresh.
— OptaJoe (@OptaJoe) September 18, 2022
Инаку со оглед на возраста Итан сè уште нема професионален договор со Топџиите, туку игра под училишни услови, но бележи забрзан напредок во последните месеци.
Сезонава ја почна во тимот У-18 со импресивни настапи уште во текот на пријателските средби во претсезоната. Тренерот уште веднаш го издвоил за потенцијална ѕвезда во иднина.
„Итан има неверојатни способности и одлично работи со нозете. Многу е млад, но е голема надеж за Арсенал“.
Го опишуваат како офанзивна 10-ка од среден ред, кој знае добро да дрибла и е доволно разновиден за да може да игра и широко и централно.
Играл за Англија У-16, но набрзина се пробил до У-21 и кога го видел Микел Артера го повикал на тренинзи со првиот тим на Арсенал.
„Тоа беше чисто чувство. Го запознав детето и ми се допадна тоа што го видов. Тренираше неколку пати со нас и почувствував дека сега е прилика да го пуштам во игра. Мислам дека тоа испраќа силна порака за тоа кои сме ние како клуб. Вчера му реков дека ќе биде со нас и дека мора да биде подготвен. Кога продолжи, му реков „честитки и уживај“.
Итан Нванери е 22-риот играч кој се појавил во Премиер лигата пред да наполни 17 години. Од претходните 21, само Вејн Руни, Џејмс Милнер, Арон Ленон, Френсис Џеферс и Џек Родвел имаат над 100 настапи во англиската лига.
Голманот Арон Рамсдејл го подбутна Итан да не се срами и да оди поблиску до навивачите на Арсенал, а тие го поздравија со аплауз и му пееја дека утре треба да оди во школо.
Watch Arsenal keeper Aaron Ramsdale push 15-year-old debutant Ethan Nwaneri towards the travelling supporters after the talented teen is too modest to take any acclaim pic.twitter.com/1lpSzfcl4S
— Layth (@laythy29) September 18, 2022